Убил 2 девојчиња, им давал лажна надеж на семејствата дека се живи: Свирепите злосторства на Лери Џин Бел

Фасцинацијата со сериски убијци се пренесува не само преку пишаните дела, но и на големото платно. Во последниве неколку години сме сведоци на рој документарни филмови и екранизирани приказни за едни од најгрозоморните сериски убијци на овој и минатиот век. Од Џефри Дамер до Џон Вејн Гејси, имаме една лепеза на приказни кои дефинитивно нема да нè остават рамнодушни, а сигурно ќе нè остават без сон. Таква е и приказната за развратниот убиец познат како Лери Џин Бел.

voznemiruvachkata-prikazna-za-leri-dzin-bel-razvratniot-ubiec-koj-gi-shokirashe-duri-i-najiskusnite-detektivi-001.jpg

Во текот на еден застрашувачки летен месец во 1985 година, две девојчиња биле киднапирани среде бел ден, и тоа од пред нивните домови. Нивниот киднапер и убиец, Лери Џин Бел, потоа почнал да го трауматизира семејството на неговата прва жртва преку низа телефонски повици. Дури и им давал насоки до локациите на телата на двете девојчиња.

Бел на крајот ја запечатил својата судбина со тоа што ја принудил својата прва жртва да напише свој последен тестамент. И, на тој начин од ФБИ успеале да му влезат во трага.

ubil-2-devojchinja-im-daval-lazhna-nadezh-na-semejstvata-deka-se-zhivi-svirepite-zlostorstva-na-leri-dzhin-bel-03.jpg

На 31 мај 1985 година, 17-годишната Шари Феј Смит од Лексингтон, Јужна Каролина, се вратила дома во ноќните часови, по дружба со нејзиното момче. Татко ѝ го забележал нејзиниот автомобил пред куќата, но од девојчето немало ни траг ни глас.

Татко ѝ веднаш истрчал накај автомобилот и забележал дека поштата од поштенското сандаче била расфрлана на земја, автомобилот уште работел и чантата на ќерка му била на седиштето во отворениот автомобил. Веднаш потоа почнала сеопфатна потрага по Шари.

По два дена, Бел го контактирал семејството Смит, но не да бара откуп, туку за свое задоволство и садистичко изживување. Им се потсмевал на болката, им се јавувал постојано, ги трауматизирал. Им велел дека нивната ќерка им испратила писмо, давајќи им лажна надеж дека е уште жива.

Но навистина, по одредено време Бел им испратил писмо на семејството Смит со датум 1 јуни 1985 година и со трогателен наслов „Последен тестамент“. На две страници, Шари Смит храбро му кажува на своето семејство да не дозволи нејзината смрт да им ги уништи животите: „Ве сакам сите проклето многу… Извинете, тато, морав еднаш да опцујам. Исус ќе ми прости“.

Voznemiruvachkata-prikazna-za-Leri-Dzin-Bel-razvratniot-ubiec-koj-gi-shokirashe-duri-i-najiskusnite-detektivi-03.jpg

Бел направил осум телефонски повици, при што седум биле снимени. Во еден од повиците, Бел објаснува како првичниот план му бил да ја киднапира сестрата на Шари, каде вели: „Сè што сакав да направам е да водам љубов со неа“. Бел повторно се јавил со застрашувачката вест дека тој и Шари сега се „една душа“, опишувајќи ја и нејзината смрт.

Во друг повик, Бел дал прецизни насоки за локацијата на телото на Шари. Две седмици откако било пронајдено телото на Шари Смит, Лери Џин Бел киднапирал и убил уште една млада девојка - и продолжил да го трауматизира семејството Смит.

ubil-2-devojchinja-im-daval-lazhna-nadezh-na-semejstvata-deka-se-zhivi-svirepite-zlostorstva-na-leri-dzhin-bel-02.jpg

Попладнето на 14 јуни 1985 година, во Вагенер, Јужна Каролина, Бел ја киднапирал 9-годишната Дебра Меј Хелмик. Според судските документи, соседот кој подоцна го идентификувал Бел, го видел неговиот автомобил како брзо вози, застанува нагло и Бел излегува од него. Потоа им пристапил на децата, грабнувајќи ја Хелмик околу половината.

Бел истрчал назад кон неговиот автомобил, држејќи ја Хелмик додека таа клоцала и врескала, пред да ја фрли внатре на седиштето. Меѓутоа, соседот истрчал надвор и се доближил доволно за да ја види регистарската табличка на Бел, на која била прикажана буквата „Д“.

Voznemiruvachkata-prikazna-za-Leri-Dzin-Bel-razvratniot-ubiec-koj-gi-shokirashe-duri-i-najiskusnite-detektivi-04.jpg

Осум дена подоцна, на 22 јуни, Бел за последен пат се јавил во резиденцијата на Смит, давајќи упатства до телото на Хелмик. Детективите заедно со полицијата го пронашле сериозно распаднатото тело на Хелмик.

Обдукцијата потврдила дека девојчето било силувано многупати.

По макотрпна истрага и анализа на писмото што го добило семејството на првата жртва, аналитичарите на ФБИ откриле докази кои водат до Бел.

Voznemiruvachkata-prikazna-za-Leri-Dzin-Bel-razvratniot-ubiec-koj-gi-shokirashe-duri-i-najiskusnite-detektivi-05.jpg

Бел бил уапсен на 27 јуни, возејќи сивкасто возило, и иако автомобилот имал друга регистарска табличка, при пребарувањето на автомобилот била откриена оригиналната табличка ДЦЕ 604 - потврдувајќи ја буквата „Д“ што сведокот на Хелмик ја видел.

Во домот на Бел, пронајдени биле шест влакна на Шари Смит, како и долна облека која ѝ припаѓала на Хелмик.

Во подоцнежните интервјуа, главниот детектив на случајот го опишува Лери Џин Бел како еден од најсадистичките убијци со кои се соочил.

Voznemiruvachkata-prikazna-za-Leri-Dzin-Bel-razvratniot-ubiec-koj-gi-shokirashe-duri-i-najiskusnite-detektivi-06.jpg

Бел бил прогласен за виновен за киднапирање и убиство на двете девојчиња и осуден на смрт. Бел бил погубен на 4 октомври 1996 година.

Избрал да умре на електричен стол наместо со смртоносна инјекција, велејќи дека тоа ќе го испрати побрзо во рајот за да биде со двете девојчиња што ги убил.

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Бизарна приказна: Сите детали за инфлуенсерката што лажела дека има рак на мозок и дека сама го леку... Бел Гибсон е една од првите Инстаграм инфлуенсерки која имаше над 300.000 следбе...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Кој навистина ја измисли Барби – Жената која сакаше девојчињата да имаат кукли со гради или „разврат... Рут Хендлер и Џек Рајан се двете имиња што се спомнуваат како креатори на Барби....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg