Убивал само криминалци, верувал дека е „спасител“: Кој е серискиот убиец што бил инспирација за серијата „Dexter“?

Бразилецот Педро Родригез убил над 70 луѓе, од кои дел додека бил во затвор, но сметал дека не направил ништо погрешно бидејќи мета му биле само криминалци. Откако отслужи 4-децениска затворска казна, тој стана инспирација за една од најпопуларните крими-серии – Dexter.

ubival-samo-kriminalci-veruval-deka-e-spasitel-koj-e-seriskiot-ubiec-shto-bil-inspiracija-za-serijata-dexter-01.jpg

Dexter е една од најпознатите крими-серии, а главниот лик е сериски убиец чија мета се само криминалци.

А, ваков сериски убиец постоел и во реалноста – Бразилецот Педро Родригез Фило кој е одговорен за над 70 убиства, а самиот тврдел дека сите негови жртви биле криминалци, односно дилери на дрога, силувачи и убијци.

Или, како што кажувал самиот, никогаш не убил личност која била невина и себеси се гледал како некаков спасител.

Сепак, ова не го побива фактот дека Педро сепак бил ладнокрвен убиец и психопат.

ubival-samo-kriminalci-veruval-deka-e-spasitel-koj-e-seriskiot-ubiec-shto-bil-inspiracija-za-serijata-dexter-04.JPG

Што знаеме за Педро Родригез?

Педро потекнувал од дисфункционално семејство, а неговата мајка била жртва на семејно насилство.

Татко му ја тепал и кога била бремена со него, па уште кога се родил во 1954 година, Педро имал повреди на черепот.

Првото убиство го извршил на само 14-годишна возраст, кога го убил заменик градоначалникот на неговиот роден град, со цел да се одмазди за татко му.

Таткото на Педро работел како чувар во локално училиште, а заменик градоначалникот го обвинил дека крадел храна од училишната менза, па го отпуштил.

ubival-samo-kriminalci-veruval-deka-e-spasitel-koj-e-seriskiot-ubiec-shto-bil-inspiracija-za-serijata-dexter-11.JPG

По убиството, Педро побегнал во гратче во близина на Сао Паоло, а овде продолжил со ладнокрвните убиства.

Бидејќи неговите жртви биле главно дилери на дрога (кои ги ограбувал), локалните медиуми почнале да го претставуваат како „одмаздник“.

По некое време Педро се вљубил и почнал врска со девојка. Се вселиле заедно и набрзо таа забременила.

Но, Марија била убиена од локален гангстер кој сакал да му се одмазди на убиецот.

ubival-samo-kriminalci-veruval-deka-e-spasitel-koj-e-seriskiot-ubiec-shto-bil-inspiracija-za-serijata-dexter-14.JPG

Педро тргнал на мисија да го најде убиецот на саканата, па почнал да ги следи, да ги киднапира, да ги измачува и да ги убива членовите на бандата сè додека не ги убил сите.

Кратко по ова Педро завршил зад решетки, кога неговиот татко свирепо ја убил мајка му. Па, сега Педро имал нова цел – да се одмазди за неа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg