Убивал само криминалци, верувал дека е „спасител“: Кој е серискиот убиец што бил инспирација за серијата „Dexter“?
Бидејќи татко му бил затворен во истиот затвор, Педро го убил таму, нанесувајќи му 22 убоди со нож.
Дури и зад решетки, Педро продолжил да ја следи болната опсесија да убива.
Кога првпат го носеле во затвор, Педро бил во полицискиот автомобил со уште двајца криминалци, од кои едниот бил силувач.
Педро го убил силувачот во автомобилот уште пред да стигнат до затворот.
Додека ја одлежувал затворската казна, Педро убил уште 47 затвореници и цврсто верувал дека тие не заслужуваат да бидат живи.
Истовремено, тврдел дека никогаш не убива од задоволство, туку од желба за одмазда.
Првично Педро бил осуден на 128 години зад решетки, а кога почнал да ги убива и другите затвореници, казната се зголемила на 400 години.
Иронично, според тогашните закони во Бразил, максималната затворска казна што можела да биде отслужена била 30 години.
Па, во 2007-ма, по 40-тина години во затвор, Педро бил ослободен и се вработил како чувар.
Изненадувачки, Педро бил променета личност кога излегол од затвор – отворено зборувал за неговите злодела и станал активист кој се борел против криминалот.
Овој период беше издадена книгата Darkly Dreaming Dexter, за која Педро служел како инспирација и која потоа беше претворена и во популарната крими-серија Dexter.
Во 2011-та Педро повторно се нашол во затвор, овој пат за закани, нелегално поседување оружје и присуство на нелегални протести.
Го ослободиле во 2018-та поради добро однесување, по што отворил Јутјуб канал што го користел како апел да ги спречи другите да тргнат по неговите стапки.
На 5-ти март 2023 година, Педро бил убиен пред неговиот дом во Сао Паоло. Тогаш 68-годишниот убиец имал прострелни рани и повреда од нож, но до денес не се знае кој стои зад неговото убиство.
Спирова С. | Црнобело
