Мартинки од црвен и бел конец на 1-ви март се традиција на Балканот – зошто кај нас се отфрла и заборава?

Според еден од обичаите, мартинката се добива како подарок и таа никогаш не се купува за себе, туку се дава на своите најблиски и за пријателите, се носи од 1-ви март, а се закачува на првото расцветано дрво. Црквата, пак, смета дека носењето мартинка е суеверие или магиски ритуал. Добивте ли вие мартинка за подарок?

martinka-od-crven-i-bel-konec-na-1-vi-mart-zoshto-stariot-ritual-za-srekja-se-otfrla-i-se-zaborava-01.jpg

Конечно дојде март, месецот кога почнуваме да ги броиме последните денови од зимата, а во многу македонски градови сѐ уште се почитува традицијата овој „женски“ месец, како што го нарекуваат, да се започне со мартинка на рака за добра среќа.

Сепак, оваа традиција на правење мартинки од црвен и бел конец што се закачуваат на раката или на облеката, се смета дека е пагански обичај што се почитува, кај нас во Македонија, во соседна Бугарија, Грција, Србија и Романија.

Кога сме биле деца, најголемиот дел од нас, барем еднаш во животот добиле мартинка на подарок или сме ги изработиле во училиштата.

martinka-od-crven-i-bel-konec-na-1-vi-mart-zoshto-stariot-ritual-za-srekja-se-otfrla-i-se-zaborava-02.jpg

Денес, некои ги носат мартинките само затоа што им се допаѓа изгледот, други пак веруваат дека овој украс исплетен од црвен и бел конец ќе им донесе среќа и ќе им помогне да им се исполнат желбите.

Според еден од обичаите, кај нас, мартинката се добива како подарок и таа никогаш не се купува за себе, туку се дава на своите најблиски и за пријателите.

martinka-od-crven-i-bel-konec-na-1-vi-mart-zoshto-stariot-ritual-za-srekja-se-otfrla-i-se-zaborava-05.jpg

Обичаите за тоа што треба да се направи со мартинката се различни.

Сите се согласни дека на 1-ви март мартинката се става на рака или се закачува на облеката, а потоа според едни верувања треба да се отстрани во првиот миг кога ќе видите расцветано дрво и да се врзе на него, а според други, во мигот кога ќе се види првата ластовичка се вади и веднаш се става под првиот бел камен.

Обичаите се различни од град до град, но јасно е дека „мартинката“ го слави доаѓањето на пролетта и започнувањето на новиот годишен циклус.

martinka-od-crven-i-bel-konec-na-1-vi-mart-zoshto-stariot-ritual-za-srekja-se-otfrla-i-se-zaborava-07.jpg

Но, во последните години оваа традиција кај нас се менува, бидејќи според Црквата и свештените лица, оваа традиција е пагански обичај кој православните христијани не треба да го практикуваат.

На веб страната на Бигорски манастир е објавена поголема статија посветена токму на традицијата на носење мартинки, каде се напоменува дека носењето мартинка е суеверие и магиски ритуал, односно демонски обичај.

„Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.

Не може истовремено да веруваме и во Бог и во ‘мартинка’. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот“ – стои во текстот.

Во текстот се вели дека верувањето дека мартинките носат среќа или несреќа доколку се извадат предвреме немаат никаква поврзаност со христијанството и дека христијаните си носат на рака бројаница, украсена со крстче, која служи за молитва.

martinka-od-crven-i-bel-konec-na-1-vi-mart-zoshto-stariot-ritual-za-srekja-se-otfrla-i-se-zaborava-06.jpg

Дали вам некој ви подарил мартинка? Планирате ли да ја носите?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарна приказна: Сите детали за инфлуенсерката што лажела дека има рак на мозок и дека сама го леку... Бел Гибсон е една од првите Инстаграм инфлуенсерки која имаше над 300.000 следбе...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg