Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм, па ме отфрлија од друштвото“

Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три, обавезно таг на четвртата, и онаа што вчера ја запознале при петочното излегување. Мене, претпоставувате, ме нема... Па, нормално, помина тестот по физика и веќе не им требам.

ispoved-na-mlada-skopjanka-drugarkite-me-zamenija-so-nova-devojka-so-1-000-sledbenici-na-instagram-pa-me-otfrlija-od-drushtvoto-01.jpg

Дали сте изневериле? Јас да. Да појаснам веднаш, не онака љубовно.

Изневерив другарство.

Студирам она што сакам, имам мајка и татко кои ги сакам.

Заљубена сум.

Благодарна за животот, здравјето и семејството.

Но, денес се чувстувам и некако лошо, иако поминаа пет години од оној студен, дождлив февруари, кога изневерив една од ретките другарки, којашто, до тој ден, вистински ме сакаше и ценеше.

Која е таа? Една искрена личност, која беше секогаш тука за мене, веруваше во мене и ме поттикнуваше.

Јас ја измамив, ја излажав.

Направив грешка.

Една детска претстава, изрежирана бесчувствително од моја страна.

ispoved-na-mlada-skopjanka-drugarkite-me-zamenija-so-nova-devojka-so-1-000-sledbenici-na-instagram-pa-me-otfrlija-od-drushtvoto-02.jpg

Другарството што претпоставував дека е лажно го ставив на тест, сурово и помалку безгрижно. Искористувајќи ја и неа.

Јас го направив тоа.

Не бев свесна за последицата, бев незаинтересирана за истата.

Ја започнав и ја продолжив лагата.

Се прашувам и ден - денес зошто го направив тоа? Зошто ми требаше таа претстава што им ја приредив?

Па јас бев и тогаш среќна, имав со кого да појадувам на голем одмор, да чекам автобус, да зборувам за симпатиите, да се шегувам...

И така беше цели четири години (додека да заврши средното образование).

Зошто ми требаше таа лага? Таа илузија која им ја искреирав?

Дружината од пет другарки, отстрана изгледа идеално, нели?

Тие три, таа во средина, а дел од нив бев и јас.

Секогаш тука за тестот по физика. Да им покажам по нешто, да им објаснам.

Има ли посреќен човек од мене пред тестот по физика?

Можеби, сигурно...

Јас прерадосна. Зошто?

Па другарките ќе ми пишат, ќе ме викнат на излегување. Ќе помине тестот, а како тој така и дружењето со мене.

Следи слика, јас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три, обавезно таг на четвртата, и онаа што вчера ја запознале при петочното излегување. 

Мене, претпоставувате, ме нема?

ispoved-na-mlada-skopjanka-drugarkite-me-zamenija-so-nova-devojka-so-1-000-sledbenici-na-instagram-pa-me-otfrlija-od-drushtvoto-03.jpg

Па, нормално, помина тестот. Ќе им кажам: „Излеговте викендов?“ 

„Да“, ми велат. „Многу убаво си поминаавме“.

„Добро“, велам, огорчено (се прашувам зошто не ме викнаа, што ми фали, каде им згрешив, 100 пати од вчера, сама со себе - и така постојано, со исклучок пред тестот).

Каде е таа четвртата другарка, ќе прашате?

Ќе ви одговорам. Ќе ми пише вечерта по излегување: „Ајде утре да одиме јас и ти во парк“.

„Како си помина“ - ѝ велам?

„Убаво, зошто не дојде?“ - вели: „Нели те викна една од оние три?“

(Вистината е дека не ме викнала, изговорот е дека заборавила, сигурно).

„Се случува, следен пат ќе ме викнат“ - си помислувам.

Сега во друштвото доаѓа новата шеста другарка, за 3 дена успеа повеќе да се вклопи со нив четири, иако јас со години се обидував да го направам тоа.

Како успеа, навистина не знам. Единствено што знам е дека таа има 1.000 следбеници на Инстаграм, а јас педесет, добро со с роднините и по некој непознат седумдесет се направија.

Не дека не разбирам, кога ќе те тагне инфлуенсер на Инста со 1.000 следбеници, тоа е доста сериозно. Нови 100 потенцијални следбеници на вашиот профил.

Три години чекав тие другарки да ме прифатат и засакаат онака вистински, без корист. И тогаш решив да си поиграм со нив. Сурово, нели?

Да.

Се прашувате од каде ми дојде храброста?

Ќе ви кажам: Секоја порака пред тестовите, беше нова цртичка храброст и решителност во мојата одлука да ги повредам, да ги измамам.

ispoved-na-mlada-skopjanka-drugarkite-me-zamenija-so-nova-devojka-so-1-000-sledbenici-na-instagram-pa-me-otfrlija-od-drushtvoto-04.jpg

Не ми е жал за другите, освен за една. Таа што не беше како нив.

Четвртата.

Таа беше единствено повредена, од измамата јас што ја направив. За неа ми е жал.

Дали ме обвинувате?

Јас лажев.

Јас се обвинувам.

Јас згрешив и ја заслужив казната. Останав сама.

Сега, по измамата (откако се откри) тие пет, вистинската дружина и јас - онаа што си бара нови другарки.

Како одеше барењето другарки, па накусо - никако.

Тие сите здружени. А јас? Кога бев среќна?

Тогаш кога почнувавме од трети час (немаше сама да седам, избегнував непријатна ситуација, чекајки одморот да помине во тоалет).

Една поука: Е тогаш кога ќе останете сосема сами – тогаш ги откривате вистинските пријатели, тие што ќе седнат до вас, ќе ви направат муабет, гајле им е што сте скарани со дружината (тие три, таа, и новата со 1.010 следачи, до сега веројатно толку се направиле).

Дали ми е жал?

Да.

Која е мојата грешка?

Што премолчував, се надевав со секој нов ден дека тие 3 ќе ме прифатат, засаакат, а со тоа ќе станеме вистинска дружина од пет.

Па, зошто да не е така? Јас не сум поразлична од нив.

Во секоја од тие 4 години другарство, силно се надевав дека нешто ќе се смени. Ќе ме прифатат. Но, не се случи тоа.

Јас не сум различна од нив.

Но, тие не мислеа така, би сакала да дознаам еден ден зошто.

До таа што ја повредив: Се извинувам. 

До пријателите, кои ги стекнав во четврта средно: Благодарам за почитта. Ве сакам, ве памтам.

До тие три: Се надевам уживате во новите 100 следачи, одличен подвиг.

Автор: Анонимна

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg