Кумановец за тешката преселба во Норвешка: „Кога дојдов, немав пари за кревет, спиев со јакна под глава, но успеав со пот“
Каква е ситуацијата во Норвешка:
Болници / Здравство
Во Норвешка: болници светски ниво, чисти, модерни, со технологија и услови како во филмови.


Полиција / Безбедност
Во Норвешка: дисциплинирани, културни, секој со почит кон униформата и пред сè, завршено средно и факултет за полиција.

Затвори
Во Норвешка: затворите изгледаат како студентски домови, со програми за ресоцијализација.

Природа / Животна средина
Во Норвешка: планини, езера, паркови, сè чисто и одржувано.

Инфраструктура и јавен превоз
Во Норвешка: патишта од светска класа, возови и автобуси што одат на време.

Школи и универзитети
Во Норвешка: модерни згради, дигитални табли, секој ученик има лаптоп/таблет, библиотеки како од филм, студентите добиваат поддршка од државата и студентски домови со пристојни услови.

Спорт и рекреација
Во Норвешка: секој град има модерни спортски сали, базени, терени достапни за сите граѓани, често бесплатно или со симболична цена.

Паркови и јавни простори
Во Норвешка: секој парк е чист, со уредени патеки, клупи, игралишта за деца. Секој граѓанин плаќа казна ако уништува јавен имот.


Продавници и супермаркети
Во Норвешка: големи маркети со избор на илјадници производи, чистота и организација на високо ниво, каси што се самопослужуваат.

Домови за стари лица / социјална грижа
Во Норвешка: старите луѓе живеат во модерни домови, со медицинска грижа, активности и достоинство.

Пожарна и итни служби
Во Норвешка: модерна опрема, професионалци, реакција за неколку минути.

Библиотеки и културни центри
Во Норвешка: библиотеки со бесплатен пристап до илјадници книги, дигитални системи, библиотеки како од филм.












A во Македонија? Си знаете самите...
Автор: Милош Младеновски