Тие беа црно-бела комбинација

Нивната приказна беше нескротлива авантура во која љубовта беше невозвратена. Комбинација од топло и ладно срце,од љубов и незаинтересираност.

tie-bea-crno-bela-kombinacija-01.jpg

Сепак сакаше да остане, сакаше да потрае сè додека беше можно. Да потрае сè додека срцето можеше да издржи.

Го засака баш онаков незаинтересиран и студен, опуштен и мангупски расположен. А таа беше луда по него и се заљубуваше во секоја негова мaана.

Измешана палета од бои, црно и бело, топло и ладно. Сепак беше неодоливо примамливо и посакуваше никогаш да не згасне тој жар.

Во него ја бараше топлината во студот, белото во црното, доброто во лошото. Бараше било што само да најде изговор да остане уште, да потрае тој пламен колку што е можно подолго.

Се обидуваше да ги размеша тие спротивни бои и да добие сосем нова нијанса со која ќе го обои тој студен свет.

Знаеше дека тој никогаш нема да и пее љубовни балади, да и пишува љубовни пораки, да ја држи за рака, но сепак го сакаше таков бидејќи со него приказната добиваше поинаква содржина.

Доволно беше само да ја стисне за половината и страсно да ја бакне за да го почувствува струењето на емоциите.

Таа беше вечен романтичар а тој не знаеше што значи тој збор. Во оваа приказна таа се обидуваше да го стопли неговото срце и да му покаже како да ја оживее љубовта, а тој ја учеше на спротивното.

Несвесно ја учеше да гледа поинаку на љубовта, но не ја предупреди дека таа се заљубува во поинаква приказна на каква никогаш не беше навикната.

tie-bea-crno-bela-kombinacija-02.gif

Автор: Анастасија Димова


Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg