Кога две пријателки ќе се сретнат прв пат после долги години...

Зима е. Две пријателки се среќаваат првпат после долги години. Стојат една до друга, последни во реката луѓе, со погледот вперен надолу. Студот и ладниот воздух што ги сече надвор е поголем од студот во нивните срца.

vistinata-e-bolka-koja-ne-moze-da-se-izdrzi-sama-01

Образите и на двете им се вцрвенети, а рацете смрзнати и сокриени во црни кожни ракавици. Зима е...

„Здраво“ вели едната.

„Здраво“ одговара другата.

Толку. Само еден збор. Потоа замолчуваат и двете. Тишината и сѐ што премолчиле лебди помеѓу нив некаде во воздухот.

„Како си?“

„Се омажив. Тој е прекрасен.... Ме сака. Имаме ќеркичка. 7 години. Добар ми е животот, би рекла. Добар е“.

Зборуваат тивко, речиси шепотат. Да не ги чуе никој. А потоа пак молчат. Тишината помеѓу нив се враќа на само неколку минути, но доволно долго за да им помине болката од шамарите што минатото им ги удира.

„Ти?“

„Се вработив, богата сум. Живееме заедно со мајка ми, да не е сама. Таа е многу тажна поради мене, но и јас би рекла дека добар ми е животот. Задоволна сум. Да, добар ми е животот. Добар..."

Се насмевнуваат срамежливо и двете и си разменуваат еден краток поглед.

„Како се вика?“

„Ќерка ми?“

„Да“

„Како што ти ветив. Како тебе“.

vistinata-e-bolka-koja-ne-moze-da-se-izdrzi-sama-1.jpg

И така, одеднаш 20 години изгледаат како многу краток период. Како ништо да не се променило, како сѐ да е како што некогаш било. Таа се насмевнува најубаво што знае и умее и ја фаќа својата пријателка за рака и силно ја стиска. Потоа кратко ја прегрнува и за последен пат ја погледнува со солзи во очите.

Се врти со наведната глава и заминува. Заминува и ги носи спомените со себе, спомени вредни и тешки колку  сите тие години бегање една од друга, бегање сами од себе. И бегање од вистината. Затоа што таа вистина е потешка дури и од спомените. И боли...  а таа болка никој не може да ја издржи. Барем не сам.

Ги става рацете во џеб и го подига погледот кон толпата народ  и многуте насолзени очи што чекорат пред неа. За последен пат, пред и таа да си замине, се насмевнува и гледа неколку минути во празно.

Цел живот ѝ поминува пред очи. Но, не пушта солза. Не и таа. Таа само се врти и со бавни чекори по црната каллива земја си заминува. Овој пат, за никогаш повеќе да не се врати на тоа место.

Единствено студенилото и тагата не брзаат да си заминат. Тие си пронајдоа засолниште и топлина во срцата на тие две жени. Таму се сигурни и заштитени... барем додека не престанат да чукаат.

Зима е. Две пријателки се среќаваат првпат после долги години, на погребот на човекот што најмногу го сакале.

Автор: Даниела Нестороска


Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg