Искрено писмо од еден матурант

Чувството кога нестрпливо го чекаш последниот учебен ден од твојот средношколски живот. Ги одбројуваш месеците, потоа и деновите кои  останале до последниот ден кога одиш во училиште.

iskreno-pismo-od-eden-maturant-01

И да, конечно ги одбројуваш последните моменти до твојата матурска вечер и тогаш доаѓа моментот кога сфаќаш дека твоето нестрпливо исчекување до завршување на твојот средношколски живот завршува и почнуваш да се чувствуваш чудно.

Во главата ти се мешаат триста емоции, спомени, чувства, сеќавања, моменти и сè што си доживеал во тие клупи, низ тие ходници, во тоа училиште.

Можеби касно сфаќаме дека овие денови нема никогаш да се вратат па ни станува криво што повеќе од времето сме поминале во исчекување на последниот училишен ден.

Сега сфаќам дека никогаш не треба да заборавиш каде си, кој си, што си, кои се твоите пријатели, кои се твоите најблиски, твоите најсакани.

Никогаш не треба да чекаш нешто да заврши, туку наместо тоа, потруди се да ги поминеш твоите денови од животот онака како што ти сакаш.

Максимално искористи ги сите шанси и моменти кои животот ти ги приредува и не се плаши од наредниот ден, не се плаши од крајот на нештото бидејќи знај дека секој крај е нов почеток!

Автор: Фајтермен

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg