Всушност, одлично си парираат

Твојата поткошула здиплена, мојот градник фрлен во некој ќош, што намерно кога би сакала да центрирам не би ми текнало, а не би ми ни успеало. Твоите слим фит панталони повторно здиплени веднаш под твојата префинета, памучна маичка со темно сива боја, која го истакнува секој прекрасно извежбан мускул од твоето тело на бог.

vsusnost-odlicno-si-pariraat-01.jpg

Јас така лежам и те чекам, немав многу облека на мене, тесна фармерка со висок струк, која ја истакнува твојата омилена облина на моето тело и не толку бела маичка, поради видливи флеки од кожа боја пудра и тартот од јагода и ванила што го појадував прееска.

Иако го консумирав така несмасно и детски, ти ми велиш: " Колку си слатка, да му се пријаде на човека ".

Наназад низ годините, ми замеруваше кога ќе искапам по некое од парчињата облека, сега ми велиш: " Навистина си посебна, те обожувам што си ваква трапавка, немарлива и невнимателна, единствена си! "

Ти ми велиш, а јас се топам како свеќа од најевтин и најфушерајски изработен восок, ти давам, една многу самоуверена насмевка без да размислам дека имам остатоци од тоа што сум јадела и ти, повторно ми се смееш на мојот комичен потег. И ете ги моите црвени обравчиња, ти повторно ми се цедиш од сладост. Можеби и е до начинот на кој те гледам, не знам.

Секогаш велиш дека синото око е најубаво, ама за моите две сè уште не сум чула некој посебен, пофален збор. Можеби се плашиш дека ќе ми влееш самодоверба и дека ќе станам вообразена, која ги знае твоите стравови, која ако не јас, но никогаш, никогаш не ги употребувам само за да ти напакостам, се правам глупава и умна, а горам, а чинам кулминации и перипетии само да не забележиш дека нешто ти недостига и штети.

Да се вратам на оној чекор до совршениот момент, се наоѓаме врз постела, како што кажав јас веќе лешкарам онака опуштено и те чекам, бидејќи бев брза во отстранувањето на крпите од мене, плус не носев гаќички. Брзо се пресоблеков и сè уште те чекам додека си ги средуваш своите работи толку педантно и перфектно.

Можеби намерно ми го правиш сето тоа, сакаш да копнеам по целиот ТИ.

vsusnost-odlicno-si-pariraat-02.jpg

Автор: Водичка

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg