Писмо до неговата девојка

Ако некогаш дознаеш за мене - разбери го. Јас го разбирав за тебе, сега тебе ти е ред. Разбери дека го посакував, го обожавав. Секоја моја мисла место да ја кажам, верувај паѓаше од моето срце. Ја газев со мојата штикла, пробував да ја закопам, но се уште го носам неговиот мирис, а по малку и твојот.

pismo-do-negovata-devojka-01.jpg

Во секој наш состанок ти беше присутна, те имаше повеќе тебе од тоа што ме имаше мене. Ти си негова кралица, а мене ме помешал со златна рипка, која исполнува ноќни желби. Ако некогаш дознаеш за мене- разбери го, па и ти имаш повеќе од еден парфем.

Ете, замисли дека јас сум оној парфем- секојдневен, а ти за вечерни излегувања- специјален. Ти си таа која се чувствува надалеку. Така ќе ти биде полесно.

Јас не очекував да ме љуби, неговата љубов ја троши на тебе, ќе бидам задоволна само да ме посакува.

Ако некогаш дознаеш за мене, немој да го мразиш, немој ни мене. Верувам во карма, но немој... Ако некогаш дознаеш за мене да знаеш дека и сама се прашувам зошто се уште сум тука.. Нели за танго се потребни двајца, тогаш што сум јас? Вашиот ореол? Не, тоа е свето нешто а јас... Јас најверојатно сум подиумот каде што танцувате.

Погледни ме се уште стојам таму каде што давам се од себе за да го задржам до мене... Не е фер игра девојко, се натпреваруваме а ти не ни знаеш дека стоиш на овај ринг. Не знаеш дека твоите соништа се на работ од бездната, а јас ја трошам и последната капка пот за да ги турнам... Таму некаде, во неповрат... Не знаеш дека во неговиот живот постои таа фатална жена - ЈАС. Негов немир, негов благослов и проклетство.

Јас како мало учениче со љубовта во раце секое гледање со него го замислувам како задолжителен час кој ќе ме научи на нешто ново. Претворајќи се во сунѓер, впивам се што неговата уста ќе исплука на површина. Јас сум девојка со надеж за десет животи, а тој не ми дава надеж ни за еден.

Прашуваш што правам тука? Ако некогаш дознаеш за мене, да знаеш дека јас и тој сме исти. А ти, ти си премногу за него, тој е премалку за тебе. Знам дека го чувствуваш тоа.

Остави го не сте еден за друг, барем така се тешам јас. Ти мислиш дека тој е твоето подобро утре, но стој станал твоето најлошо вчера.

П.С. Ако некогаш дознаеш за мене, разбери го - Јас бев неговото затишје пред бура, а тој моето торнадо кое ме врти во круг!

Автор: Моника Стојановска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg