Не се заљубувај во личности со ранети срца

Не се заљубувај во личности со ранети срца. Никогаш нема да знаат да те љубат со цело срце, бидејќи нивното срце е поделено на делчиња.

ne-se-zaljubuvaj-vo-licnosti-so-raneti-srca-01.jpg

Немој да се заљубиш во личност со скршено срце, бидејќи секогаш ќе се плаши да те љуби како да е последен пат. Не го давај своето срце на некој чие срце се уште припаѓа кај друг, бидејќи во секоја ситуација ќе те споредува со таа избледена сенка.

Залудно ќе се трудиш да освоиш личност со рането срце, бидејќи што и да направиш ќе бидеш само лоша копија која буди спомени.

Не се труди да освоиш личност со скршено срце, бидејќи во тебе ќе ја бара само утехата и потребата за љубов, а ќе биде неспособно да ти возврати со иста таква чиста љубов. Ќе бидеш само рамо за плачење, само стреа после бурен дожд. Дождот можеби ќе запре, сонцето можеби повторно ќе огрее, но нема повторно да зрачи со истата енергија.

Не го давај своето срце, на некого кој се уште носи лузни од друга личност, бидејќи секогаш ќе ја чувствуваш таа празнина во неговото срце. Ќе го видиш тоа во погледот, кој гледа во тебе,а бара туѓи очи. Ќе ја почувствуваш таа празнина во срцето, кога ќе ја почувствуваш прегратката без топлина.

Не се заљубувај во личност со рането срце, бидејќи секогаш кога ќе го допреш, ќе чувствуваш дека бара туѓ допир.

Немој да се заљубиш во личност со рането срце, бидејќи ќе бидеш личноста која ги отплаќа туѓите гревови. Не биди нечија утеха, не биди туѓа отплата, не биди замена, не биди лек за рането срце.

Ти заслужуваш цело срце, кое не е поделено на делчиња. Срце кое ќе го гледа само твојот поглед кога го посакуваш. Личност која ќе го чувствува само твојот допир, кога ја допираш.

Дозволи си прегратка со топлина, а не студен бран од скршени емоции.

Автор: Анастасија Димова

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg