Поубава од кога и да било

Види ја брат, блеска. Се качила на високи штикли, го ставила фустанчето во кое што ми беше најзгодна, ставила црвен кармин за инат за мене зошто секогаш и го бришев и не можев да ја бакнувам кога го носеше.

poubava-od-koga-i-da-bilo-01.jpg

Се смени брат. Кога беше со мене не ставаше штикли, не одеше по кафичи, немаше живот. Можеби јас бев кривецот за тоа, затоа што ја оставав сама, да седи дома додека јас се пијанчев со другарите.

Се разубави за инает за мене, да ми биде мене тешко додека ја гледам така убава и среќна. Ако кажам дека не ми недостасува, ќе те излажам.

Ми треба тука, до мене, секој миг. Да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам. Да биде уште поубава него ли што е сега, да ја покажувам на сите и да бидам горд што ја имам бaш неа за девојка.

Но, јас сум крив, јас ја пуштив да замине иако знам дека ако ја побарам ќе ми се врати. Ооо и тоа како. И се гледа се уште таа искра во очите, но не сака да признае.

Јак инает е таа. Ќе ја боли,ќе трпи ама нема да ми признае дека и јас неа и недостасувам. Да знае само колку ме боли кога ја гледам застаната на маса со пијачката во рака како си потпевнува некоја песна и има заземено таква позиција што сите машки околу гледаат во неа.

Таа може да го има кој што ќе го посака, но срцето ќе ми припаѓа само мене.

Само си се лажам. Знам дека таа сега има друг живот и мене ме има избришано од него. Па заслужив брат, заслужив и тоа како!

Автор: Викторија Браун

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg