Патот кон совршенството никогаш не згаснува

Од време навреме се чувствувам изгубено во просторот. Некои ситуации ме доведуваат да мислам во спротивно од совршенството.

patot-kon-sovrshenstvoto-nikogash-ne-zgasnuva-001.jpg

Создаден за нешто, да твориш, усовршуваш. Да изградиш цврста личност отпорна на лицемерство, повреди и измами. Да надминеш неспокојства, немир, страв.

Да живееш за добро, за победа.

Да чекориш без страв дека ќе изгубиш, дека нема да успееш. Исправено и гордо, со крената глава по патот кој води кон совршенството кое никогаш не завршува.

Зарем подарокот кој ти е испратен да раководиш со него треба да не се почитува? Зарем не вреди да се обидеш да создадеш цел за која вреди да се живее? Зарем безусловно сме створени? Во сите овие прашања постои цел... единствена цел за која вреди да се живее!

Животот е голема работа! Не е само обична играчка со која може да се игра вообичаена игра. Не е само манипулирање со недостатоците на луѓето, туку идеа за понатаму.

Соодветен збор за кој има доста работи да се искажат, направат, почувствуваат.

Патека која те води до совршенството, до успехот да постигнеш нешто во животот. Да го оствариш сонот за кој живееш.

Но, како и секогаш не е се така како што изгледа.

Не секогаш се е обоено во розово. Не секогаш луѓето се насмеани и со кренати глави. Многу малку, ете она мало скршнување од вистинскиот пат ќе те одведе во заборав. Едноставно ќе те скрши ментално и моментално.

И сите оние соништа и идеали за кои сме твореле во тетратките уште од мали нозе, ќе паднат во вода и се ќе исчезне!

Исто како отчукувањето на зелената линија на кардиограмот во темните болнички холови.

Сите сакаме да постигнеме нешто со нашето постоење, да оствариме врежени спомени од самите нас за добрите дела што сме ги направиле. Личност за која вреди да се зборува со генерации нанапред.

Но, потребно е да се пронајде патот до самото тоа, без црните мисли дека нешто ќе оди наопаку, без страв дека нема да успееме.

Во потрага по совршенството.

Магичен збор кој со треперлив глас се изговара, а сепак со исполнета душа.

Има многу да се каже за него, но во истиот тој момент како да исчезнува. Како да нема преостанато мастило во перото да се извези...

Само го потресов во истиов момент и продолжив.

Сега знам дека можам да успеам, дека сепак сум доволно силна личност да ги остварам своите идеали од лична перспектива.

Како и секоја важна личност и јас во иднина ќе имам способност да се одбранам од неспокојството, чекорејќи по единствениот пат или поточно по патот кој води до совршенството...

Пат кој никогаш не згаснува.

Што и да се случи со нас, било тоа добро или лошо, секогаш постои вистинскиот пат кој води до вистинскиот живот, живот од совршени работи... Живот за кој вреди да се живее...

Автор: Александра Станчева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg