Се заборавам кога зборувам за неа...

Зборував за неа постојано. Зборував колку е одвратно да си заљубен во неа, ја објаснував теоријата на нејзиниот живот.

se-zaboravam-koga-zboruvam-za-nea-01.jpg

Толку многу знаев за неа, а сепак не знаев ништо. Многу пати ме прашаа зошто го одбрав баш тој збор, “одвратно”.

Не сакав да го дознаат одговорот, не сакав. Се плашев дека баш она одвратното што мене ме тресна како камен врз глава и ме натера до гуша да се давам во љубов, ќе ги тресне и нив.

Тежок човек е, потежок и е карактерот од самата таа. А што може да ти направи? Оган, вртоглавица, несоница, опсесија... сето ова е премалку за да ја опише.

Навистина беше лудо чувството што го будеше во тебе. Сака да глуми ладна, вели дека е родена со ладна крв, со “ладен” став. Во нејзината теорија само таа знае каков е тој ладен став, ама нека биде по нејзино, отсекогаш така било.

И еве уште седам, пишувајќи за неа, одбирајќи ги точните зборови, во дилема, збунет.

Ме полудува, едноставно ме остава да ја споредувам со сите други кои ги знам и на крај пак да се враќам кај неа. Пак неа да ја анализирам, пак за неа да зборувам, пак да си замислувам сцени дека ја држам за рака.

А таа таква е, не сака држење за рака, не сака нежност, рози, изненадувања. Таква е, толку едноставна, а сложена. И ме мачи, такви и се гените, таква ја створиле.

 Истовремено е премногу досадна нејзината едноставност и премногу забавна нејзината сложеност.

И не би се каел човек ако помине часови анализирајќи ја нејзината љубов.  А таа љубов е мазохизам или барем знае ѓаволесто да се смее како да е љубов.

Се заборавам кога зборувам за неа, велат љубов се викало.

Ма немој...повеќе од љубов е ова што ми го направи, повеќе. Таа ми тече низ вениве. Не тече крвта веќе, а штом го зазеде нејзиното место, значи таа ќе ме одржува во живот, нели?

 И тоа е крај, крај на приказната, овде застанувам. Таа кај мене буди среќа и немир цела вреќа.

Автор: Ана Мартиновска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg