Дамата која секогаш носи црно не тагува. Тагуваат оние што ја изгубиле неа

Есен е. Надвор врне. Се чувствува мирис на дожд. Надвор безброј заљубени трчаат и му се радуваат на дождот заедно со саканата личност. Уживаат на дождот.

damata-vo-crno-01.jpg

Јас седам до прозорецот и се обидувам некако да ја прикажам нивната среќа на парче хартија со неколку зборови.

Додека тие уживаат и му се радуваат на дождот една дама е сосема сама.

Чекори по улицата и плаче. Од нејзините очи се стркала една солза, да, беше солза, сигурна сум, но не сакаше да признае дека потклекнала, па се убедуваше самата дека дождот го погалил нејзиното лице.

Длабоко во себе се прашуваше кога конечно ќе може да се потпре на сопствените нозе, а не на кулите од карти што ги градела цел живот.

За неа како времето да беше запрено, а веројатно брзаше некаде. Солзите ја издаваа нејзината тага, но таа чекореше со крената глава.

Додека сите околу неа се радуваат, таа тагува. Ѝ се препушта на тагата и заборава колку вреди.

Облечена е во црно, всушност кога и да помине покрај мојата улица носи црно. Среќата на другите почнува да ја убива полека. Се прашува себеси зошто животот е толку неправеден со оние кои се навистина добри личности.

Смачено ѝ е од облачното време, смачено ѝ е од секој ден. Смачено ѝ е од тоа што секој ден се буди со помислата дека е сакана, а воопшто не е така. Смачено и е да гледа хроматски бои. Не чувствува веќе ништо. Смачено ѝ е да ја бара љубовта, а да не ја наоѓа.

Се разбуди. Повеќе не живее во розов свет. Тоа може да се види во нејзините прекрасни сини очи. Надежта што ја имаше во себе, дека секогаш им се случува добро на оние што прават добрини исчезна.

Научи дека тоа што луѓето го гледаат однадвор е само слика, бидејќи убавото лице не вреди кога душата е расипана. Затоа секогаш носи црно. Не тагува по никого, тагата им ја препушта на другите да тагуваат што ја изгубиле неа.

Не сожалува никого и не им дава втора шанса на оние што ја повредиле. Ги остава зад неа и не разговара со предавници.

Да, девојката носи црно секој ден. Ја одбрала таа боја за да се потсетува на сè што и направиле. Некои ја напуштиле, некои ја изневериле, а некои само ја искористиле. Затоа дамата во црно е посебна.

Понекогаш греши, но не прифаќа пораз. Понекогаш е лута, но не го покажува тоа. Изгледа сосема смирено. Научила да го контролира гневот, бидејќи тоа што понекогаш е лута не значи дека кон луѓето треба да се однесува немилосрдно.

Прави грешки, но не ги повторува. Памти кога некој ќе и направи зло, но не враќа, останува смирена. Има многу пријатели. Се дружи со сите, но само на една и верува.

Неверство не простува. Ја брише таа личност од својот живот како никогаш да не постоела.

Посебна е. Посебна е по начинот на кој зборува, начинот на кој размислува и начинот на кој се однесува со луѓето. Има цврст карактер. Некои се обидуваат да ја проценат и мислат дека е дволична, саркастична па дури и себична. Тие не знаат дека грешат. Изгледот не може да го одреди карактерот на личноста...

Дамата во црно за момент застана, ги избриша солзите, се насмевна  и продолжи да чекори по улицата со крената глава.

Мислев дека мастилото ќе каже сè што можев да видам низ очите на Дамата во црно. Но, не беше така.

Сината леплива течност со која пишував на белата хартија не може да го прикаже она што го преживеала девојката.

Тоа треба да се доживее. Како што исчезнуваше дамата од улицата останував без зборови. Не можев да напишам ништо, хартијата остана празна. Секогаш кога врне дожд се сеќавам на Дамата во црно.

Често погледнувам низ прозорецот, со надеж дека ќе ја видам и ќе ја раскажам нејзината приказна читајќи од нејзините очи...

Автор: Слободанка Џотова

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg