Пријателството помеѓу маж и жена е само игра на судбината. Кој прв ќе се заљуби, тој губи...

Трагајќи по искуство, копнеејќи по остварување на долгоочекувана страст, тргнав по релативно трнлив пат. Можеби и не толку трнлив, барем болката од трњата не е толку неиздржлива со оглед на тоа што овојпат, патот ми е разгазен.

prijatelstvoto-pomegju-maz-izena-e-samo-igra-na-sudbinata-koj-prv-kje-se-zaljubi-toj-gubi-01.jpg

Еднаш, можеби одамна, можеби не, секој различно би го протолкувал тоа, но како и да е, бев заљубена од дното на душата.

Љубев со целиот разум и целото срце без штедење.

Кој би рекол дека тој ќе биде момче тогаш, а сега веќе израснат во маж кому тогаш многу му верував, му се доверував, поминував со него пријатни моменти, дури и многу романтични мигови што сега сфаќам што всушност биле тие и колку требало да им се радувам.

Се радував не дека не, но повеќе се плашев отколку што бев среќна.

Затоа тие чувства кои се појавија од никаде, не ги признав. Не признав ниту едно мое чувство, тврдев дека можам без него, како што може и тој без мене. Тврдев дека не смеам нашето пријателство да го жртвувам за страст што кога ќе изгори,  ќе остане само пепел на спомените кои понекогаш и ќе болат.  

Дали вреди?

И погодете што? Успеав! Успеав во моите планови и цели. Барем делумно ако не целосно го заборавив. Чувствата кон него ги закопав во најдлабоката дупка  на моето срце.

Си ветив дека никогаш повеќе нема да ги откопам, си ветив дека минатото ќе го оставам зад себе и дека за сегашноста и иднината вреди да размислувам.

„ДА!“ – си велев. „Кој би рекол дека бев толку заљубена во него?“

Го гледав секој ден, но откако ги закопав чувствата, умре и пријателството кон него.

Од ден на ден, станував сè поладна и поладна, понекогаш дури и му се лутев што не го забележа она што го чувствував за него длабоко во моето срце, а потоа дури и тоа избледе и останаа само слатките спомени кои од време на време ми го галеа нежно срцето...

Но, пријателството умре и не оживеа и покрај сè.

Го убив...

Го застрелав директно во онаа точка која најмногу боли, онаа која може лесно да те убие.  Му ги затворив вратите до моето срце како и кон сè друго што остана.

Денес по повеќе од две години кога ќе размислам, плашејќи се да не го изгубам пријателството, ја сокрив љубовта, но и покрај тоа, пријателството беше изгубено.

Потоа имав и други слични чувства, имав дури и некоја чудна врска која иако заврши трагично, сепак постоеше, но по две и пол години повторно се сопнав и ја отворив старата рана, ја раскопав најдлабоката дупка во моето срце, ја отворив старата кутија на спомени.

Се започна со еден сон, чие значење и денес не можам да го откријам. Чуден беше, јас и тој гушнати, среќни, заљубени, предадени на страста.

Во сонот секако му ги дадов најгрдите епитети зошто ми го расипа мирот и спокојството што ги имав зачувано со години, но подоцна поточно денес, излегоа на виделина и го вратија истото чувство.

Да токму така, истото чувство, само што овојпат не двојно, не тројно, туку илјадници пати посилно од претходно.

Но, сега и себе си ја дадов таа придавка „посилна“.

Во овој момент не ми е грижа дали ќе го загубам, ако се обидам да ги искажам чувствата, бидејќи овојпат немам што да изгубам .

Од негова страна добивам флертувачки погледи, добивам искрен разговор и прекрасни добронамерни совети, ја чувствувам неговата сексуалност која е насочена кон мене и е посилна од било кога досега ...

Во овој случај едноставно сè e поинаку. Овојпат има „потенцијал“ да успее, а јас ќе се погрижам тоа да биде така поради тоа што пријателството помеѓу маж и жена е само игра на судбината.

Кој прв се заљуби тој губи...

Автор: Скорпија

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg