Другата во мене - ти си мојот најголем непријател!

drugata-vo-mene-ti-si-kako-kazna-so-dozivotna-robija-juda-od-tajnata-vecera-01.jpg

Многу е тешко да се живее со тебе. Ти си мојот кошмар кога спијам и онаа која ме демне кога сум будна.

Ти си мојот најголем непријател.

Ти си виновна за сè што ми се случува. Ти си виновна за секоја грешка што ја правам. Ти си виновна за секој проблем што го имам, за секој неуспех.

Ти си како казна со доживотна робија. Ти си оној ѓавол што зборува седнат на моето лево рамо. Ти си лошата вештерка од најмрачните приказни.

Ти си љубоморната другарка. Ти си страшилото од полињата. Болката во моите гради. Причинатаа за моето страдање. Пречката за моето напредување.

Ти си стегата во односите со другите луѓе. Другата која го уништува мојот љубовен живот. Кнедлата во моето грло секогаш кога треба да зборувам.

Ти си Јуда од Тајната вечера. Сомнежот што управува со мене. Ти спиеш во мојата постела меѓу нас. Ти си злото во мојот живот.

Те мразам.

Оди си.

Остави ме да живеам.

Пред тебе бев среќна, сега полека умирам. Бегај од мене! 

Јас не те заслужувам, ти мене, уште помалку.

Што уште сакаш да ми земеш? Ми го зема сонот, ми го зема мирот и спокојството. Ми ја зема радоста во утринското кафе и во виното за вечера.

Ми ја зема самодовербата и ми го уништи духот. Ти си тунел без светлина и без крај. Ти си апстрактна слика која за првпат ја гледам и треба да ја раскажам. Живот или смрт.

Ти си сè што не сакам, сè што боли.

Ме фрли во пекол откако ми го украде рајот. Ти си мојот почеток и мојот крај.

Ти и јас, грб со грб, чекор по чекор, еден ќе повлече прв, ти или јас?

(Посветено на сите оние кои се борат против неа - анксиозноста)

Автор: Една Хероина

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Кумановец за тешката преселба во Норвешка: „Кога дојдов, немав пари за кревет, спиев со јакна под гл... „Веќе еднаш зборував за животот во Норвешка во интервју за CRNOBELO.com, но се с...
Македонец со моќна порака до мажите за 8 Март: „Да ги зачуваме цвеќињата за себе, а да го слушаме кр... „За Ивана, за Росица, Марија, Римјана, Емилија… За малата Кате која и во тој мал...
Македонка сведок на тажна случка во наш мол: „Кога почна детската радост да вреди помалку од совршен... „Девојчето застана пред елката и ја праша мајка си: „Зошто нашата елка не е вака...

Најчитани неделава