Приказна за анксиозноста: И тоа ќе помине, верувајте...

Не прашувајте што ми е, само молете се за мене. Одвратно чувство кое ни на ниту еден душман не му го посакувам.

prikazna-za-anksioznosta-i-to-kje-pomine-veruvajte-01.jpg

Сака да биде посилно од мене, но не му дозволувам, имам пред сè едно сонце што ме грее и што ми дава инспирација да живеам и да се борам за него, тоа е моето мало детенце, кое ќе биде далеку похрабро од неговата мајка.

Бог е тука со мене, го чувствувам и секојдневно ме штити од оваа змија во мене.

И уште еден одбранбен механизам, мојата бесконечна интелигенција.

Овие три сили се мојата ѕвезда водилка, само со нивна помош ќе успеам да ја искоренам и да ја закопам некаде длабоко во бескрајноста, таа одвратна анксиозност.

Не ми дава да излезам надвор, да бидам во контакт со повеќе луѓе, постојано ме размрдува, ми создава нестабилност, чувство на губење рамнотежа, потење на дланките и на целото тело, срце биење и што ли уште не, има ли уште...?

Се изигра што си фати работа со мене. Ќе успеам да те искоренам, па што сака не биде. Уште колку седативи да испијам... Оптимистот во мене ниту еден седатив не го не победува. Ок, ајде да видиме дали серотонинот ќе ми се покачи. Чекам ќе почекам уште малку...

Некако чувството за среќа како да ми се сокрило некаде. И само пешачењето ми дава некоја слобода, да знаеш само колку ми е убаво. Краткотрајно е чувството на слобода, но ќе го направам со долготрајни т.е. вечни ефекти на релаксираност, едноставно кажано, нормален живот.

Ми треба енергија да го прошетам син ми со чиста и бистра глава без стравови во мене, ми треба да излезам да се прошетам сама, да отидам на кафе со другарки, да му посветам внимание на мојот сопруг, да не создавам грижи на моите родители...

Колку ситуации испливав од тебе, па и сега ќе те победам ама верувај овојпат војната ја отворам јас и јас ја затварам за век и векови.

Сега што да направам тест... Да отидам до најблиската продавница онака бесцелно и само да видам како ќе се чувствувам... А, што ако ме застане некој, ни под разно да не си се јавила.

Животот ми тече, а јас морам многу работи да преземам во свои раце, те молам ослободи ме еднаш засекогаш. Морам да бидам здрава мајка и сопруга и пред се здрава личност. Колку сакаш приказни тебе да ти раскажам? Не знам од кај да почнам.

Зошто да не можам како секоја нормална личност да излезам и да му купам чевли на моето дете?

Влегов во продавницата и целото тело доживеа шок, растрепереност, чувство на неугодност и само бледо гледам и зедов еден пар. Комуницирам со продавачката, но како да сум од друга планета (целата како во струја буцната).

Кога веќе ги платив малку ми подзамина тоа чувство. И тоа само од причина што веќе излегував од продавницата и си одев накај дома. Тука настапи посилното Јас во мене...

Но, сепак тоа беше во мене растрепереност и срцебиење. „Нека оди сè по ѓаволите веќе“ си реков.

А вчера што беше тоа, дома бев и целата како растреперена булка од ветрот, веднаш излегов и отидов да пешачам, но ништо не гледам, сè ми беше матно. СО сите сили во мене успеав да свртам некој круг и се вратив дома, плачев и го гушкав моето сонце.

Ми помина таа криза и повторно се облеков и излегов нормално кај моите родители, најголемата поддршка во мојот живот.

Ох, само колку е очигледна оваа глупава состојба. Излегов на кратко по потреба , а најмногу да си направам тест на мојата издржливост.

Не сакам да пишувам што се случи овие денови само и само од причина што денеска се чувствувам одлично. Фала му на Бога што конечно дојдов до оваа фаза на смиреност.

Секогаш носам цврсти и разумни одлуки само што никогаш не ги реализирам. Е тука е кај мене проблемот, не сум доволно храбра.

А, од каде доаѓа храброста?

Од искуството, од годините , од гените , од мотивот, од предизвикот... сè уште трагам по некои одговори.

Читајќи многу текстови и приказни за анксиозноста ми дадоа мотив да испишам и јас некој ред од моето скриено богатство.

Колку за потсетување се чувствувам фантастично, се надавам се збогував со таа глупава анксиозност.

Се дружевме што се дружевме сега те молам остави ме на мира.

Конечно син ми виде насмевка на моето лице, почувствува слобода кај неговата мајка.

Се држиме за раче и се движиме како ние да сме креатори на планетата Земја. Такво олеснување, што мислам ми го пишува и на моето лице.

А, мојот сопруг... е веќе тука доаѓа една приказна за возрасни. По долг период и тој го почувствува моето ослободување, моето целосно препуштање на взаемно уживање и сладострастие на ноќта.

И тогаш една млада, плодна и зрела жена дојде на сцена. Се појави дивата во мене...

Ми треба свежа глава за размислување. Многу размислувања за иднината не ми даваат да живеам во сегашноста.

Но, сепак таа иднина морам да ја измислам, бидејќи го имам најубавиот благодат , тоа е моето сонце.

А, колку во мене има љубов за уште едно сонце, но мило мое ти ќе почекаш некоја година.

Колку е убав животот да го живееш со полн здив, а не воздухот да дишеме со празни гради...

Автор: Ј. А.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg