Се раѓаме, растеме и живееме меѓу волци кои се хранат од нашата несреќа

Во воздухот е пуштен вирус. Дишеме омраза и гнев, а сме имуни на тоа. Секој секому мисли како да го искористи, но не знаеме дека сите се исти. Секое лошо со лошо се враќа, а сите добри луѓе патат од злобата  и канџите на волците.

svet-na-siviot-cad-01.jpg

Се раѓаме, растеме и се развиваме во личност. Личност во која и самите не се препознаваме. Уште од најмала возраст сме изложени на суровиот живот исполнет со горки препреки, иако мали, но со текот на времето растат во големи исполнети со големи невкусни јагоди.

Јагоди кои колку повеќе ги јадеме, не само што нè трујат, со гнев и горчина, нè преобразуваат во бесчувствителни робови на нашиот разум. А, срцето каде е? Се затруло од убавиот вкус на сочните јагоди обвиени со горчливиот отров на суштествата што дишат.

Стануваме роботи на мозокот, дејствуваме онака како што мислиме дека е правилно, не онака како што чувствуваме.

Тоа е така бидејќи животот така нè научил, сме се навикнале на болката која луѓето ни ја нанесуваат, нè прават отпорни на болка која што со еден збор секоj ќе каже шега е, а јас ќе кажам во секоја шега има пола вистина.

Се раѓаме, растеме и живееме меѓу волци, волци кои се хранат од нашата несреќа. Секоj на секој можен начин гледа да ти нанесе болка. Животот е падни стани, па оди и повторно и повторно..

Нема никој со кој можеш да се движиш рамо до рамо без падови. Да има кој да те фати кога ќе паднеш. Нема никој, бидејќи сите се волци, а волкот гледа само да падне, пленот да може да го нападне и уште повеќе болка да му нанесе.

Кучињата коа ќе почувствуваат дека нешто не е во ред, се вознемируваат и ги повикуваат своите пријатели за помош и сите се како едно тело, а луѓето волци, секој секому да го искористи, повреди, да го земе убавото.

Волци помеѓу кои се движиме секојдневно...

И веќе не се плашиме да чекориме помеѓу нив. Не се плашиме да нè повредат нивните канџи од завист, бидејќи навикнати сме на болката.

Продолжуваме навикнати на горкиот вкус на јагодите кои ги добиваме како плод од крутиот живот исполнет со препреки поставени од волците кои немаат чувство за почит, верност и добрина.

Никој од нас не е совршен да, но кога сонцето грее над моето срце сакам да се радувам и некој да се радува со мене. Кога врне дожд да плачам и да има со кој да уживам во 24-часовното секојдневие, но нема.

Волкот кога е сит - спие, кога е гладен - бара плен, исто како и луѓето. Иста боја само различна нијанса. Она што не се знае е која од која е полоша.

Сакаме да учиме од најдобрите, но кои се тие,  тие се на врвот, па се подигаат на прсти за да не ги дофатиме. Или можеби и ние ќе скокнеме и барем на момент ќе бидеме повисоко од нив. Тоа ќе им биде ним потешко од нас.

Но, некаде ќе се сретнеме пак, има нешто посилно од нас. Ако не на овој свет, барем на вратата од светилиштето ќе се сретнеме, па ќе се разделиме и тогаш ќе се види кој вреди, а кој не.

На срце се топат снегови, кога некој ќе ни направи некоја злоба т.е. злобата се топи, но останува трагот на злобниот снег со кој се навикнуваме да живееме, без разлика колку боли.

Велиме што не нè уништува тоа нè зајакнува. Да, нè зајакнува, но ни ги намалува чувствата, тоа е најлошо од сè. Нема човек со кој можеш да се радуваш, со кој да пиеш, па да ја отвориш душата.

Збогум, збор кој нема значење. Секој од секого се оддалечува и зближува кога сака за да се нахрани од забранетото, од туѓото. Тоа е за момент, а што понатаму?

Животот продолжува понатаму и прави стапици, но тоа се слепи дупки направени од волци. Стапици со цел да измамат и да те нападнат. Да ти го земат најдоброто, позитивната мисла и среќата.

Под ова сиво небо има луѓе кои дишат чад место здив. Нивните мисли се црни полни со искривена насмевка полни со завист, љубомора со желба да победат и да стојат повисоко од другите. И не застануваме, туку продолжуваме имуни на сета болка, губејќи ги сите чувства.

И продолжуваме...

Тоа е судбината на секој млад човек...

Автор: Иле Пецев

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg