Затоа што јас сум поголемата сестра...

„Јас сум поголема од вас“, реченица која често ја користам кога се обраќам со висок тон кон моите сестри. Јас сум поголем и потврд камен од вас, затоа мене обвинете ме кај мама и тато.

jas-sum-pogolema-sestra-od-vas-kje-me-slushate-za-da-ve-zashtitam-01.jpg

Јас сум најголемата и најцврстата гранка од вас и затоа држете се за мене, јас ви сум најдобрата пријателка од сите други затоа верувајте ми, јас сум најголемата срча за вас, после нашите родители затоа ќе го сечам секого кој ќе ве повреди.

Зошто сето ова сум јас?

Зошто сум потврд камен од вас?

Затоа што јас сум дојдена прва на овој свет. Дојдов и пораснав. Како што растев и проблемите и грешките растеа.

Научив лекции од секојдневните грешки, научив лекции од тинејџерските грешки, научив лекции од туѓите грешки. Она што сум го поминала и вие ќе го помините, ама вие ќе бидете помеки од мене.

Немојте никогаш да ми велите „блазе тебе“ затоа што ќе излегувам попрва од вас во чаршија со другарките, затоа што прва ќе отидам на одмор без родителите, немојте.

Јас вам треба да ви речам „блазе вам што имате поголема сестра од вас.

Затоа што поголемата сестра секогаш ќе ве штити и повторно покрај неа вие ќе излезете со другарките и ќе отидете на одмор и затоа што сè додека е таа тука, вие никогаш нема да бидете виновни во очите на родителите секогаш ќе бидете милите и мирните дечиња за нив, а поголемата ќе биде потврдиот камен од вас.

Зошто сум поцврстата гранка од вас?

Како што растете, така ви растат и бубачките во главата. Ќе почнете да зборувате за момчиња, а јас ќе ве слушам од вратата кои си ги кажувате меѓу вас, можеби ќе влезам во собата и ќе ви го прекинам разговорот, но само за да ви кажам дека имате поткрепа од мене, ако сакате да излегувате навечер, а  мама и тато не ве пуштаат.

Ќе влезам за да ви кажам дека кога ќе пораснете нема да изгледаат толку едноставно работите како сега и да уживате додека сте млади.

А, јас сум сигурна дека вие ќе почнете да викате за да излезам надвор и да не се мешам, а подоцна кај 21 часот ќе ме замолите да ве покријам за да излезете во град.

Ќе ви кажам дека јас сум најдобрата пријателка од сите други на училиште и дека мене ако ми ги кажете тајните, не баш сите ќе ви ги чувам до гроб.

Сакам да ви кажам дека ќе бидам тука да повредам многу личности за да ве заштитам.

Затоа што јас сум поголема од вас. 

Автор: Д. Н.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg