Писмо до бившата на моето момче: Деновите ги изгубив копајќи во вашето минато...

pismo-do-bivshata-na-moeto-momce-denovite-gi-izgubiv-kopajki-vo-vasheto-minato-01.jpg

Здраво.

Знаеш која сум. Знам која си. Претпоставувам дека ме мразиш малку, но не те обвинувам за тоа. И двете цврсто ги убедуваме другите дека сме поубави, попаметни, позабавни... Но, секоја од нас, на крајот од денот кога е сама со себе се прашува дали тоа е навистина така.

Знаеш, болеше... Но, нема да зборувам за степенот на болка ниту пак за обемот на раните кои ми ги нанесоа твоите постапки на почетокот.

Нема да зборувам за непроспиените ноќи кои ги поминував прашувајќи се, деновите кои ги изгубив копајќи во вашето минато. Трудејќи се да споредам, да си докажам, да се уверам, дека вредам... Барем колку тебе.

Јас разбирам. Сфаќам. Знам дека боли, дека тој ти значел. Знам дека најдобро знаеш што си имала откако сфати дека тоа веќе не постои. Дека тогаш спомените болат. Дека секое „Што ако...?“ боли. Јас навистина разбирам. Всушност, во други околности ние би се согласувале, ние имаме ист вкус.

Чувствата не можат само така да исчезнат и јас го разбирам тоа. Вие бевте најдобри пријатели откако вашата врска престана да функционира и јас ја прифаќам целата одговорност затоа што го уништив вашето пријателство. Но, не ми е жал. Јас не можев да го поднесам вашето скокоткање и смеење во врска со тоа што ви се случувало порано.

Но, сега твоето постоење мене не ми менува ништо. Единствено што ми преостана е да ти се заблагодарам. Твоето присуство во нашата врска често носеше недоразбирања, но тоа нам само ни помогна полесно да најдеме заеднички јазик и начин за решавање на проблемите. Тоа што ти наштетуваше и се наметнуваше ми помогна да сфатам каква всушност не сакам да бидам.

Секое понижување од твоја страна го зајакнуваше мојот карактер до толку, што сега никој не би можел да ме принуди да се споредам со било кој. Бидејќи кога си заедно со некој долго време нормално е да бидеш дел од повеќето важни моменти во тој период од неговиот живот, но тоа не смее да ја спречи среќата на луѓето кои допрва стануваат дел од неговото секојдневие.

Ти не смееш никому да му ја одземеш среќата, немаш право на тоа. Немаш моќ во нашите животи доколку јас не ти ја дадам!

Со почит, сегашната девојка на твојата бивша љубов.

Автор: С. А.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg