Човеку, пријателот е само сенка

Пријателот е сенка, сопствена сенка од која колку и да се обедуваш да побегнеш секогаш ќе ти биде поблиска зад петици.

coveku-prijatelot-e-samo-senka-01.jpg

Понекогаш лутајќи низ градината собираме бели лилјани, црвени рози, жолти нарциси и сончогледи.

Лилјаните се толку чисти и безгрешни што душата ја дават на стопанот свој. Понекогаш се прашуваш со што сме ги заслужиле. Долго размислуваш од каде дошле токму во твојата градина, како се појавиле, кој го посеал нивното семе во животот твој.

Црвените рози се мирисливи. Со својот мирис сте опојуваат, те водат низ животот. Ја подават својата рака секогаш кога ќе ти треба, но доколку водата тргне во спротивен правец кој можеби ќе биде штетен за нив, веднаш ги испуштат своите трња.

А, тоа боли. Верувај ми човеку, боли кога најдобриот пријател ќе ти стави нож на плеќи кога најмалку очекуваш. Кога гледаш дека те напушта тогаш кога ти е најпотребен, тогаш кога треба да остане и да се бори со тебе, за тебе...

Колку што ги сакам црвените рози исто толку ги мразам, лакомо ти ја цицаат крвта за да ја добијат црвената боја, а подоцна кога ќе се заситат од тебе и си подигруваат со своите канџи.

Ако на некому се восхитувам тоа е токму на жолтите нарциси. Никогаш не ја спуштат главата колку и да ги боли.

Колку и килограми да покачиле, колку и недостатоци да поседуваат тие секој ден пред огледалото себе си се нарекуваат најубави. Нивната убавина не се крие во облеката, во насмевката, туку во очите, во душата, во тоа што однатре блика.

Нарцисите поседуваат аура која како спротивни полови на магнет те повлекува кон себе.

Со тек на времето нарцисот ќе ја обои твојата душа. Ќе има денови кога со часови ќе стоиш пред огледало, кога ќе се подготвуваш за на состанок со љубовта на својот живот, кога колениците ќе ти се тресат од возбуда, кога во стомакот ќе те удираат крокодили, а не пеперутки, тогаш во тие мигови нарцисот од градината ќе го пробуди заспаниот нарцис во тебе човеку.

Дозволи му да ти го накити животот со позитивизам.

Омилени ми се сончогледите, тие дават плод. Не се непредвидливи како розите. Можеш да ги оставиш и во вазна, да стојат со денови и да ти ги хранат белите ѕидови со сладопоен мирис.

Се вртат зависност од користа. Денес е со мене, утре е со тебе човеку. Сончогледот што и да поседува, што и да ти мисли, дали те сака и мрази ќе ти рече веднаш или ќе ти ги отвори очите самиот да препознаеш.

Во мојата градина ги имам сите врсти, понекогаш плачам од нив, понекогаш се радувам што ги имам, понекогаш се проколнувам самата себе што сум дозволила да никнат во мојата градина, понекогаш...

И секој ден се со мене, еве ги држам во рака, сенка со сенка се сраснала. Чекорам и тие со мене. Мојата сенка и нивната станала целина.

Сега сме едно.

Автор: Нада Костадинова

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg