Решив да бидам со оние кои ми ја додаваат топката, а не ми играат во офсајд

Желбите се само сенки на вистината. Ќе опстанат само ако фактите ги склопиме во едно цело, цело на преобразеното невозможно во возможно. Да бидеме жртва на нечија мисла, искажана со многу јад претходно да, но сега веќе не.

reshiv-da-bidam-so-onie-koi-mi-ja-dodavaat-topkata-a-ne-mi-igraat-vo-ofsajd-01.jpg

Сепак сфатив дека животот е пред мене, со голема иднина. Досега имам 20 години, а сфатив дека до 20х4 има уште многу време и многу цели кои треба да ги остварам. И дека за да ги постигнам, треба вистински да го зграпчам животот и да го продолжам со вистински вредните луѓе...

Со оние кои ми ја додаваат топката, а не оние кои ми играат во офсајд како во фудбалот.

Некогашниот добриот збор од нечија уста кој не воздивнувал до небото, не исполнувал, повеќе нема да е важен. Важно е да се гледа напред без диоптрија во минус.

Секогаш треба да се бориме да дојдеме до излезот од тунелот без да чекаме некој да не пронајде. Средство за дезинфекција за успешно отстранување на негативните мисли.

Токму тоа ми беше потребно и сфатив дека мора добро да го искористам.

Решив да го исклучам звукот на злите букви во животот како што правиме со телевизијата кога не ни се допаѓа некоја ТВ програма.

Решив да ја зголемам својата вредност за сметка на нечие негодување кое сепак на крај ќе биде мое лично исполнување.

Го започнав животот со нова голема буква а таа беше „У“. Новата цел во животот - да успеам . Да успеам да прогледам без диоптрија. Нешто на кое се фокусирав со целото мое внимание.

Решив да не ја слушам вревата на безгласните букви во светот на сивата боја во автобусот на животот, туку музиката на убавите зборови на луѓето кои вредат. Кои вреди да ги слушнам и да ме слушнат.

Сфатив дека колку и да зборувам гласно, внатре во автобусот на животот никој нема да ме слушне, бидејќи е исполнет со безгласни букви. Па затоа, решив да скокнам од него без да чекам тој застане иако тоа е голем ризик.

Тука се анализира мислата: „Ако не ризикуваме нема да успееме, ако не сега нема никогаш да биде“. Бидејќи автобусот на животот нема сопирачка ниту брзина за враќање назад.

Решив да проверам дали навистина надвор од него се гледа почисто, се слуша подобро и се дише почист воздух. Го отворив тој прозорец кој многу ми покажа, ми ја покажа силата на светлината, убавината на животот... Кој ми покажа дека постои нешто за кое вреди да се искачиш на неговиот кров.

Тоа и го направив. Почнав да се чувствувам невообичаено среќно, но и исплашено од непознатото.

Сфатив дека е почисто се гледа без диоптрија, се дише воздух место чад кој излегува од злите усни на безгласните букви.

Го видов најважното. Ги немаше безгласните букви, туку само постоеја оние кои навистина сакав да постојат, другите не ги гледав, бидејќи така сакав.

Започнав да го бојадисувам животот со светли и живописни бои, кое ќе преставуваат визија на моето ново животно мото да успеам . Без разлика каде, како и со кој, важно да успеам, а тоа можам да го постигнам ако навистина го посакувам.

И секако, со присуство и поддршка на луѓето кои сакаме да ги слушаме, оние звучните букви во нашиот живот. 

Средството за дезинфекција кое започнав да го употребувам почна да делува.

Има една српска песна која вели: „svjiet je ljep kada sanjamo“, е јас доста сонував веќе.

Решив да живеам во звукот и зракот на доброто и убавото. Решив да се стремам да постигнам совршенство па така, добрите одлуки ќе бидат осудени на успех.

Со самото тоа што ја поставив целта на животот, почувствував вибрации на досега непозната, а се надевам, понатаму секојдневна рутина. Среќа и радост споделена и подржана од искрената насмевка на луѓето која доаѓа од длабочината на нивното срце исполнето со добрина .

Си поставив аларм во мојата глава кој секојдневно ме потсетува пред да заспијам и кога ќе се разбудам. Ме буди со една единствена мисла, а тоа е успешен ден , а се подразбира и да измамам барем една насмевка на нечие лице.

Позитивен збор кој ќе го кажам и ќе ме слушне само личност која е вредна за тоа, која е звучна буква во мојот живот.

Автор: Иле Пецев

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg