Можеби има начин да се најде среќа во тагата...

На пола пат до мојот дом, небото од темно сиво станува црно и гласна грмотевица ги придружува првите капки дожд кои штотуку започнаа да паѓаат.

mozebi-ima-nacin-da-se-najde-srekja-vo-tagata-01.jpg

Тешки, топли, големи капки, ме направија водена дури да трепнам.

Ги кревав рацете горе-долу, демек ќе престанат да ме прават уште повеќе водена. На крај, ми „удри“ нешто во главата: „Колку смешно изгледам, си велам“.

Се обидувам да го запрам дождот.

Се смеев и смеев.

Наместо да побрзам за да стигнам дома, започнав да одам сè побавно, да скокам, да шлапкам со моите нозе во големиот вир што го здогледав пред мене.

Играјќи и пеејќи патував сè до мојот дом.

Во мојот живот сè до денес, дождот значеше дека треба да седам дома. Ама сега за првпат сфатив дека дождот не би требало да е тажен.

Сфатив дека и тагата исто така, не треба да биде тажна.

Дојдов до заклучок дека тагата ти треба исто колку и дождот.

Мисли и идеи ми прелетуваа низ мозокот. Чувствувам дека среќата е скоро страшна, баш како чувствата кога си пијан - смешен си и не ти е гајле што другите мислат.

Плус, тоа среќно чувство минува многу брзо и знаеш уште пред да си замине, дека ќе си замине.

Тагата трае многу подолго.

Се прашувам, можеби има начин да се најде среќа во тагата. И после сè тоа е како дожд, понекогаш не можеш да го фатиш или избегнеш...

А, доколку ја фатиш обиди се да го искористиш најдоброто од неа.

Автор: Марковска С.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Македонка сведок на тажна случка во наш мол: „Кога почна детската радост да вреди помалку од совршен... „Девојчето застана пред елката и ја праша мајка си: „Зошто нашата елка не е вака...
Македонец со моќна порака до мажите за 8 Март: „Да ги зачуваме цвеќињата за себе, а да го слушаме кр... „За Ивана, за Росица, Марија, Римјана, Емилија… За малата Кате која и во тој мал...
Кумановец за тешката преселба во Норвешка: „Кога дојдов, немав пари за кревет, спиев со јакна под гл... „Веќе еднаш зборував за животот во Норвешка во интервју за CRNOBELO.com, но се с...

Најчитани неделава