Зошто да робувате на туѓото мислење?

Од каде доаѓа таа наша желба да им се допаѓаме на сите?

zoshto-da-robuvate-na-tugjoto-mislenje-01.jpg

Коренот е од детството, поточно од родителите...

За да добиете нешто, односно да бидете наградени, сте морале да направите нешто што вашите родители го барале од вас.

Од самото детство ни се наметнува ставот дека мораме да се прилагодиме на некој друг.

И од таму почнуваат сите несигурности...

Колку многу работи не сте ги направиле поради другите? Кога последен пат сте се лулале на нишалка? И зошто нема тоа да го направите? Поради околината!

Сте се запрашале ли некогаш кои се тие што вас ќе ве осудуваат поради тоа?

Луѓе кои можеби веќе никогаш нема да ги видите во животот или некоја фрустрирана личност што кога ќе се врати дома ќе се врати на своите проблеми и можеби ќе ја проплаче цела ноќ...

Свесен човек никогаш нема да ве суди.

Станете свесни дека тоа се луѓе што имаат свое мислење како и вие што имате за некого и тоа нека не ви преставува некое мерило за вас.

Зошто да робувате на нивното мислење?

Ослободете се, бидејќи додека робувате на туѓото мислење тие управуваат со вашиот живот.

Престанете да бидете зависни од другите луѓе.

Сфатете дека не можете и нема никогаш да им се допаѓате на сите, сакале вие или не, затоа,  живејте си го животот што ве прави среќни.

Кога ќе ги живеете последните моменти од животот, ќе жалите за работите кои сте можеле да ги направите, а не сте ги направиле.

Моментите кои сте имале шанси да ги доживеете, а не сте ги доживеале заради другите.

Дали сте се запрашале зошто ви е важно туѓото мислење?

Важно ви е затоа што кога некој ви ја одобрува вашата постапка се чувствувате добро, сè е тоа заради несигурноста во себе.

Наместо да зависите од туѓите одобрувања сакајте се себеси и засакајте го вашиот живот, тогаш нема да зависите од одобрувањата на другите…

Бидејќи сè додека ви е важно што другите мислат за вас, тие ве поседуваат!

Следниот пат кога ќе наидете на нишалка, застанете во редот и лулајте се и запрашајте се, што имаат другите што гледаат и зборуваат за вас, а што имате вие?

Вие имате слобода.

Автор: Ирена Т.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg