Во животот победата во која има жртви, не е слатка...

Го отворам срцето за да ја раскажам мојата вистина и да ја споделам мојата мака. Многу лекции, многу болки, борба и падови.

mojata-idnina-ja-sozdavam-jas-1.jpg

Како млада шеснаесет годишна девојка се борам со многу порази, но и многу победи. Поразите ми дадоа сила додека победите, енергија за понатаму во животот. Разочарувањата ми беа пријатели во животот, а среќата мој другар. Со разочарувањата се дружев кога тие сакаа, а среќата ми беше сопатник речиси цел живот. Секоја болка ме убиваше длабоко до срж, но секогаш се надевав за подобро утро.

Се случуваше вечерта да ја поминам во солзи, но со помисла дека ќе се пробудам среќна. Додека пак наредното утро не ми донесеше среќен почеток, се надевав на следното.

Верувам во луѓето и сигурна сум дека се лек на моите рани. Верувам дека во насмевката на пријател се крие мојата утеха и дека во неговото срце има утеха за да ме види насмеана. И, верувам во тоа. Ама, само во вистинските пријатели.

Животот не е живот без пријатели. Животот не е живот доколку немаш со кого да ја споделиш тагата и среќата. Но, истовремено животот е школа во која што секојдневно учам по една тема. Секоја грешка е можност за добро научена лекција.

Научив да помагам без да барам возврат за тоа. Среќна сум и кога сите се среќни околу мене. Живеам живот, обидувајќи се да не повредам некого намерно. Ги почитувам сите и сакам да сум почитувана, но не секогаш почитта е и возвратена.

Кога верувам во повеќе луѓе, сè почесто сум повредена. Затоа одлучив да верувам во малкумина, а верувам дека и тие веруваат во мене. Возраста ми носи посериозно размислување околу животот и помал круг на пријатели.

Давам љубов, но ја барам во возврат. Не лажам и не правам лице. Ги презирам злобните и оние кои се без срце. Им се восхитувам на луѓе кои и покрај се секојдневно се насмеани и весели и оние кои се трудат да делат насмевки.

А, не можам да ги разберам оние кои заради нивниот неуспех вината ја предаваат на другите. Цврсто сум убедена дека само со напорна работа се доаѓа до успехот. Секој друг успех, нема вредност или поточно секоја незаработена среќа има краток рок на траење.

Не треба да го чекаме утрешниот ден, додека го имаме денешниот, за градење на нашата иднина. Една тула плус на куќата, е една мака помалку. Па така е и со успехот.

Сфатив дека довербата навистина тешко се гради, но се руши само за миг. Нашите пријатели и нашето семејство ни се сопатници. И без првите и без вторите животот нема да биде вреден за живеење. Повеќе давај помалку очекувај да земеш. Затоа што големината на човекот е во тоа колку ќе даде,а не колку ќе земе.

Избегнувајте караници и конфликти. Не се стремете кон паричен успех, туку кон духовна среќа. Внимавајте и не повредувајте. Ниту едно срце не е отпорно на болка.

Стремете се кон вистината, но внимавајте не секој ваш збор. Тој збор некому  може да претставува болка. Вашата среќа , може за некого да биде тага.

Бидете амбициозни, но немојте премногу. Не се стремите кон  недостижност. И никогаш забрзувајте на самите „вас“. Седнете, средете ги мислите.

Побарајте ги пријателите, погледнете ги сликите од минатото, прочитајте ги пораките и писмата, можеби сè уште ви нив се кријат убави сеќавања. Бидете им поддршка на пријателите како тие на вас. Бидете внимателни со вашата борба да не повредите нечие невино срце.

Во животот победата во која има жртви, не е слатка. Таа ќе ви донесе малку среќа, но и многу тага. 

И, на крај бидете скромни...тоа е најголемата човечка  доблест. Бидете човек каков што нема во светот. Биди пример за секого.

Така ти ќе бидеш среќен, а на светот ќе му направиш сериозна услуга.

Автор: Александра Станчева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg