Знаете ли, ѕвездите не си завидуваат!?

Лето. Полноќ.  Го слушам часовникот како отчукува по дванаесетти пат. Летното ветре ми продира низ косата и ми ги милува образите.

znaete-li-dzvezdite-ne-si-zaviduvaat-001.jpg

Седам на балконот и ги гледам ѕвездите. Се изгубив во мислите. Тие мали волшебни светкави нешта секој пат ме оставаат без зборови. Ме носат на некој друг свет. Зарем не се прекрасни!?

Мали и сјајни – речиси неверојатни. Ми ја исполнуваат душата. Ме потсетуваат на нас - луѓето. Толку блиски, а толку осамени. Мали и немоќни. А заедно здружени, создаваaт небо и галаксија.

Го осветлуваат месечевиот пат. Исто како нас. Кога се поддржуваме меѓусебно сме многу помоќни. Можеме да промениме многу работи  и да ја подобриме иднината на идните поколенија. Да ги отстраниме сите предрасуди. Само не треба да си завидуваме. Знаете ли, ѕвездите не си завидуваат!?

Некои од нив се посјајни и поголеми, а некои се помали. Така е и со нас. Секогаш некој е попаметен, посилен, повеќе талентиран, позабавен. Но, ние треба да се прифатиме себеси  баш онакви какви што сме. Свои и уникатни. Убави на свој начин. Затоа што животот е мешавина од сонце и дожд, задоволство и болка, солзи и смеа.

Но, никогаш немало облак низ кој сонцето не успеало да продре и силно да заблеска.  Не треба да се откажуваме од мечтите за подобро утре. Треба да престанеме цела недела да го чекаме петок, цела година за да дојде лето и цел живот за среќа. Треба сами да ја создадеме. Таа е во најмалите нешта, оние кои парите не ги купуваат. Затоа што ова е животот. Го живееш сега и само еднаш.

Прави го тоа што го сакаш и ти ја исполнува душата. Ако нешто не ти се допаѓа, кажи го тоа на глас. Отвори ги мислите, рацете и срцето кон нови работи и нови луѓе. Изгуби се со мислите. Така најлесно ќе се пронајдеш себеси и ќе сфатиш кој си. Затоа што ти не си мал и неважен.

Ти си еден бран од целото соѕвездие, па така секој атом, секоја молекула во тебе доаѓа од различна ѕвезда. Сите заедно, создадени од ѕвездена прашина, секоја креирана на свој начин од енергијата на универзумот, па сé до твоето срце, каде се наоѓа поезијата на физиката, твојата поезија, која е само твоја и само ти ја поседуваш.

Автор: Талија Ѓорѓиева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg