Кога бев мал, дедо ми, ми кажуваше дека мажот има 2 обврски - Од тоа утро, ја бакнувам и ја фалам жена си

Веќе две години со еден пристар човек се среќаваме во градината додека ги чекаме нашите најмили од градинка и во меѓувреме, разменуваме збор или два.

koga-bev-mal-dedo-mi-mi-kazhuvashe-deka-nautro-mazhot-ima-2-obvrski-od-toa-utro-ja-baknuvam-i-ja-falam-zhena-si-01.jpg

Едно утро ненадејно го прашав како се чувствува. Ми одговори доста тивко „Сè е во ред, само бакнежот фали".

Не го разбрав и без да одолговлекувам го прашав за „бакнежот“. Така почна да си ја отвора душата и да раскажува:

„Уште кога бев мал, дедо ми, ми кажуваше дека наутро мажот има две обврски:
Прво, да ја бакне жена си и да ѝ даде комплимент. Bторо, да го насмее семејството на појадок. 
Понекогаш жената нема да сака бакнеж и ќе се оттргне, ама ти ќе ја гониш. Ако отстапиш еднаш, ќе се случи пак и пак, и ќе стане сè почесто и потешко да ја догониш.
Ќе има и моменти кога ти нема да сакаш да ја бакнеш. Но, како и нивата, и добитокот, така и жената има потреба од упорност и постојаност. Ќе ја бакнеш.
После тоа, ќе ѝ дадеш комплимент дури и да е „Оф, тебе дури црното под ноктите убаво ти стои!“.
После тоа, ќе му се посветиш на семејството. На појадокот, ќе ги насмееш сите. Ама сите. Ќе им зборуваш глупости додека не им светнат очите.
Ќе им кажеш колку е убаво што вчерашната салата уште им вири меѓу забите, ќе зборуваш за прекрасната вијулица надвор што продира или за имагинарниот лесен и интересен ден што си го имал на работа вчера.
Ќе ги натераш да се насмеат. И дури тогаш, ќе го започнеш денот.
Што и да ти донесе тој ден, дури некој да не ја доживее вечерта, ќе знаеш дека жена ти е бакната и се чувствува сакано, а децата насмевнати и среќни.
И така ќе останат во спомените твои за навек.“

Од тоа утро, и јас така правам. Ја бакнувам и ја фалам жена си. И децата започнаа така да прават со нивните жени, мажи, деца.
Но, најубавото од сè, се смешните разговори наутро на маса коишто се пренесуват од колено на колено. Секоја од тие ужини е повеќе смислена од половината од нашиот живот.

На тој човек ни името не му го знам. Не знам каде живее, од каде е, како ги има поминато 70-те години од животот, ниту пак со што се занимава.

Единствено што знам е дека е вдовец и дека секое утро го чувствува недостигот на бакнежот од жена си. И тоа ми е повеќе од доволно.

❤ Од срце, Анита.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Автор: Анита Босилјанова

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg