Сакаме врски без труд, здравје без нега и живот без порази – е нема!

Сè во животот навистина има свое време. А целиот проблем е во тоа што ние не можеме тоа да го прифатиме и да бидеме доволно трпеливи и истрајни..

sakame-vrski-bez-trud-zdravje-bez-nega-i-zivot-bez-porazi-e-nema-01.jpg

Проблемот е што времето во нашиот ум не може да се прилагоди со реалноста.

Кога повеќе би воделе грижа за процесите кои бараат свое време, најверојатно нема така брзо да се откажуваме од своите соништа.

Ќе сфатиме дека препреките имаат една подлабока причина.

Колку од нас посакуваат да ги завршат студиите набрзина, да имаат добро воспитани деца, успех на работа, квалитетни односи со другите?

Но, реалноста е полна со конфликти, порази, промашувања и знае често да не остави замислени.

Ќе се борите да дадете сè од себе за да успеете, за подоцна да разберете дека не е се во вашиот труд.

Животот не можеме да го забрзаме. Ниту постоењето на човекот. Тоа стануваш откако ќе бидеш бидеш подготвен за сите предизвици.

Но, ние сме склони да бараме препреки. Помагала кои ќе ни ја остварат целта без да сме дојдени по нив.

Посакуваме да имаме доверба без да вложуваме доволно во врските. Здравје, иако правиме работи кои го загрозуваат.

Сила и моќ ,иако не сме доволно предадени и дисциплинирани во работите кои ги прават уште поголеми.

Целата таа промена која треба да се случи, најпрво треба да се случи во нашиот ум, за да сфатиме дека иако можеме да се измамиме себеси не може да го измамиме животот.

Животот го вреднуваат законите и принципите, вредностите и верувањата. А тоа е промена која бара дел од секој нас да си замине од онаа стара станица и да ја знамени со нова.

Не можете да станете нови луѓе доколку сте врзани со синџирите на своите стари и погрешни верувања и ставови и се плашите од промени.

Вашите соништа ќе почнат да живеат кога ќе престанете да ги забрзувате работите, кога ќе го прифатите планот на животот, сфаќајќи дека светот ве учи на лекции за кои веројатно сè уште не сте доволно подготвени.

Автор: Милена Коцевска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg