Што тргна во погрешна насока, па не можеме барем малку да наликуваме на нашите мајки?

Храбри, истрајни, смирени, попусливи, хероини, неповторливи... Има ли збор, постои ли збор со кој можеме да ве опишеме мајки наши?

kade-isceznaa-heroinite-001.jpg

Доаѓам од работа, не паметам која смена бев вчера, не знам која сум денес, немам појма која ќе бидам утре.

Не знам дали за спиење имам три или четири саати - ако се четири тогаш супер е. Не знам кој ден сме, ни кој датум, немам време за себе, ниту за фамилијата, постојано сум во брзање, трчам за некаде, но за каде? Каде сакам да стигнам?

Ништо не ми оди според планот и велам, божем живеам брз, модерен живот, божем имам сè,  „како да не“ ѝ велам, не сум среќна.

Ми направи кафе, рече седни да поразговараме. Единствената личност од која примав совети, тоа не беше мојата пријателка, ниту роднина, ниту колешка,тоа беше мојата МАЈКА.

Не може да очекуваш од животот бајка, розовите очила кои ги носиш симни ги, земи длабоко здив и размисли вели мојата хероина.

Размисли која е твојата цел на овој свет, зошто постоиш, размисли добро кога си на раскрсница кој пат да го одбереш, и ако погрешиш и ако не ти успее, не паѓај веднаш, собери сила, крени ја главата и обиди се усте еднаш. И уште сто пати ако треба, нели ние сме создадени да се бориме и војни да водиме, нели ние сме жени, мајки, сопруги?

Затоа собери сила иако не ти е овој период баш најдобар, иако се чувствуваш лошо, земи здив и речи јас можам, јас ќе успеам и јас ќе поправам сè, ќе создадам подобар живот за себе и нема да се откажам никогаш...

Се прашувам која е разликата, што ние немаме, што и недостасува на денешницата, што тргнало во погрешна насока па да не можеме да ги замениме, барем малку да наликуваме на нашите мајки. Какви жени се тоа што ја жртвувале младоста, детството, цел живот за да нè израснат нас, а ние не сме подготвени ни на пола од тоа што тие успеваат да направат.

Отидов да спијам божем, но не можев да заспијам - има право мајка ми велам, како и секогаш до сега, морам да се борам, да го продолжам патот мој онаму кај што застанав.

Толку сум благодарна, толку сум среќна што на крајот од денот ја имам мојата мајка да ми даде надеж и сила, толку се радувам на нејзе, толку ја сакам..

Сакајте ги вашите мајки и вие...

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Автор: Ирена Трајковски

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg