Исповед на Македонка во 20-тите: „Се превртувам секоја ноќ, ме мачат глупави стравови“

„Се решив конечно да напишам нешто околу анксиозноста со која се борам, морам да проговорам за тоа...“

ispoved-na-makedonka-vo-20-tite-se-prevrtuva-sekoja-nokj-me-machat-glupavi-stravovi-01.jpg

До пред некоја година, речиси не знаев што воопшто значи... Сè додека докторката рече: „Девојче, ти имаш АНКСИОЗНОСТ... Знаеш, ништо страшно... речиси секој втор го има тоа... само ретко кој сака да зборува за тоа.“

Појдов дома и веднаш пребарував по интернет, главата ми беше тапан. За теорија во животов сум експерт ама ова беше првата практика која ја искусив на 20-годишна возраст.

Дали зимата ме потсетува на оние настани кои ја предизвикале анксиозноста? Не знам. Дали животот ми се промени во тие темни и зимски долги денови? Да.

Но, да. Анксиозноста е поттикната од насобирање на многу работи, можеби нечија смрт или кога се соочуваш со нови нешта во животот. Сè она за кое молчиш и го собираш во себе. Е, тоа е анксиозноста.

Кога ќе чујам: „Никогаш не верував дека на мене ќе ми се случи, јас сум силна...”. Но, всушност се случува на најсилните.

Зошто? Бидејќи тие се оние кои не се соочуваат со реалноста, гнијат во себе и не ги варат нештата, одбиваат да зборуваат. Знаеш, „слабакот“ ќе седне и ќе зборува, ќе си ја олесни душата... Е затоа силните настрадуваат.

И да, одеднаш животот ти се превртува наопаку. Навечер или не можеш да заспиеш или ако заспиеш се будиш среде глува ноќ со биење на срцето 300. Си го проверуваш пулсот, дали е сè во ред, се проверуваш неколку пати.

Почнуваш да паничиш зошто ти е така, па паничиш уште повеќе. Пробуваш да го контролираш дишењето додека гледаш околу тебе сите спокојно спијат. Броиш до 100 или до 1.000 додека не престане.

Понекогаш и азбуката ја кажуваш повеќе пати. Размислуваш за убави работи, бараш решение, смо да се средиш. Ти се спие, бидејќи не е една ноќ. Ова е секоја ноќ! И не е само навечер...

Преку ден губиш ориентација за време и место... Гледаш да си меѓу луѓе да се дружиш, но всушност не си присутен ниту во времетп, ниту во местото.

Не размислувам за ништо конкретно, поточно јас воопшто не размислувам.. Само гледам, некаде и во нешто. „Добра си?“, ќе прашаат. Секако дека сум добра, всушност не сум, но како да ти ја објаснам состојбава?

Анксиозноста не е болест, барем според мене. Како што реков, состојба е, која трае 1 година, 3-5 не знам., сè уште дознавам.

Анксиозноста прави да се плашиш од животот. Од нештата кои прават да се чувствуваш жив. Постојано го носи она прашање во глава: „Дали се ќе биде во ред?“ , „Сите ли ќе бидеме на број?” и одеднаш очекуваш сите да бидат Господ, да ти кажат „И сега е во ред, зошто не би било во иднина?“ „Зошто воопшто размислуваш за тоа?“

„Не знам ни јас! Прашај ја анксиозноста! Таа размислува, таа живее јас не.“

Паниките стануваат честа појава. На паркинг, под туш, кога си сам, со луѓе. Секаде и секогаш. Сè е релативно ново. „Дали ќе ме мавне срце?“ Не нема да те мавне, ама исто како да те мавнало, постојано.

Зборувајте, со секој кој е отворен за разговор. Дружете се со позитивни луѓе, луѓе кои не се плашат да го предизвикуваат животот.

Млади сме, тоа е утеха. Сè ќе помине, потребно е време. Не си единствен/а и тоа е најбитно... А ти само реши се да зборуваш за тоа, еве јас почнав.

Автор А. П. 

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg