Глумиш „голем кариерист со среќно семејство“, а празен си однатре!

glumish-golem-karierist-so-srekjno-semejstvo-a-prazen-si-odnatre-01.jpg

Кој ќе беше ти, доколку ништо друго не беше важно, освен твојата среќа?

Мислеше ли пред неколку години дека во овој момент ќе се имаш пронајдено себеси, со среден живот, кариера, пари, семејство, живеејќи го истиот ден одново и одново? Повеќето луѓе мислат дека не си успешен доколку немаш капитал, кеш, недвижнини и кариера.... А дали си успешен доколку го имаш сето тоа, а сепак немаш среќа? Дали си успешен доколку го имаш сето тоа, а сепак немаш љубов?

Од кога среќата се претвори во шаблон и листа на завршени работи кои се мерка за таа среќа?

Дали среќата е факултетска диплома, кариера, пари, стан, жена, деца и едно куче да убива монотонија? Тоа ли е рецептот за среќно семејство или треба многу повеќе?

Која е поентата доколку имаш семејство, а одамна не си ги гушнал? Постои ли кантар за да измери колку си одвнатре празен, додека пред јавноста глумиш „среќно семејство“? Или тоа не е глума?

Веќе и самиот почна да веруваш во фарсата наречена “среќа”. Па нели сите така прават? Нели е тоа “нормално”? Општоприфатената дефиниција за нормално: диплома, кариера, кеш, жена и деца.

Ама, еднаш многу одамна ти имаше соништа. Имаше план за некој поинаков живот.

Танцуваше на дождот, јадеше сладолед со твојата девојка и се смееше кога таа ќе си го извалкаше носот. Водеше љубов на кров од зграда додека градот спиеше.... Сликаше, фотографираше и уживаше во малите моменти кои за тебе претставуваа среќа.

Немој да ми кажеш дека се беше само една голема илузија. Немој да се осмелиш да кажеш дека тогаш беше дете, дека немаше план за иднината и не беше свесен што е вистинска среќа.

Пред да го кажеш тоа, убеди се самиот себеси и пробај да си веруваш, бидејќи јас и онака никогаш нема да поверувам во тоа. Јас знам дека имаше моемнти во кои ти беше бескрајно среќен.

Сега немаш време за тоа. Сега порасна и се заплетка во шаблонот и во животот што некој друг го избра наместо тебе. Бидејќи не беше доволно храбар да продолжиш да сонуваш, бидејќи не беше доволно храбар да ризикуваш....

Автор: Анамарија

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg