Исповед на Македонка: „Кога заминав во туѓина, недела ми беше ден за плачење“

„Туѓината носи скапа облека, но не носи топлина во срцето, носи пари, но не носи среќа.“

ispoved-na-makedonka-tugjinata-nosi-skapa-obleka-no-ne-nosi-toplina-vo-srceto-01.jpg

Се прашувам од каде да започнам... Да, беше жешко лето, јас заминав на студии во туѓина, сама, бескрајно сама. Отидов во нов свет, навидум возбудлив, интересен исполнет со живот во работните денови, но пеколен за викендите кога бев сама во студентската соба.

Помнам дека недела беше ден за плачење. Ме болеше што моите најмили се далеку од мене.

Годините брзо минуваа, но како војник кој отслужува воен рок ги броев деновите до секое враќање дома. И така секој месец. Уште 28, 27, 26, 10, 3 денови до враќање дома.

Живеев за мигот кога ќе го видам предградието на моето родно гнездо. По пет години самотија имав среќа да ја убедам сестра ми да дојде и таа да студира кај мене. Колку само бев среќна дека нема да сум сама повеќе...

И таа дојде... Дојде и остана засекогаш во таа проклета туѓина, а јас се вратив во родната грутка. Се вратив за моите најмили, сакав да сум покрај нив, како тие што го дадоа нивниот живот за мене.

Сега имам сè, но ми фали сестра ми. Сега повторно одбројувам денови, но ги бројам деновите очекувајќи го денот кога таа ќе биде дома со нас.

Знам дека и таа одбројува. Таа таму има стан, автомобил, добро платена работа, може да си ги купи обувките кои ги сака, скапиот фустан кој ќе ја направи за миг среќна, патува. Има сè, но бескрајно ѝ недостигаат родителите, внуците, јас...

Нема никој покрај неа кога е болна, кога ѝ треба утеха. Проклета туѓино, сè ми зеде!

Автор: Др.Б.И.

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg