Дали работата ми е лоша, а дечкото грд - не е твоја работа!

prestanete-da-ziveete-po-tugji-zivotni-pravila-zivotot-e-eden-01.jpg

Колку пати досега сте биле на животна раскрсница со мисла дали да поминeте на црвено и да донесете брза одлука која можеби ќе ве чини цел живот или пак да поминете на зелено, да почекате и смирено да донесете важно решение?

Додека сте стоеле, сигурно сте чекале и барале мислење на различни луѓе кои се во вашето опкружување. Понесени од размислувањето дека не знаете што е правилно, многу пати сте послушале туѓо мислење, сте донеле избрзана одлука, а кога сте сакале да се вратите назад, ви пишува „стоп“.

„Не оди таму“, „Скапо, што ќе даваш толку пари“, „Тој не е за тебе“, „Што ја слушаш неа“, „Како можеш тоа да не јадеш“, „Остави го, грд е“, „Ајде бе што се заморуваш за него/неа“, се само дел од фразите на најблиските кои сте ги слушнале пред да донесете одлука која не била по ваша сопствена волја.

Животот е еден, минутите брзо поминуваат, одлуките ви го менуваат животот. Кој треба да го живее вашиот живот? Вие или другите? Зошто туѓото мислење или туѓата желба да ви ги прекратат вашите амбиции и соништа?

Зошто да дозволите туѓите животни правила да ви го диктираат правецот на вашиот живот? Еднаш сте тука... Еднаш живеете!

Пред некој ден додека седев на балконот добив порака од другарка во која ме извести дека имала прекрасна работна понуда, но не знаела дали да ја прифати бидејќи не била сигурна.  Нејзините пријателки во околината ѝ рекле дека можеби треба, некои можеби не треба.

Чекај малку, за кого ти живееш? За другите или за тебе? Една шанса нема да ја имаш два пати. Тој пат треба ти да го изодиш, не твоите другарки. Ако се водиш по нивните одлуки тоа е нивен живот, нивно мислење, не твое. Кога ќе научиш дека ти си таа што одлучува за тебе.

Друга другарка постојано се жали како често добива наметнати мислења и правила кои постојано ѝ ги повторуваат како треба да се однесува во одредени ситуации.

„Преку глава ми е некој постојано да ми кажува како да живеам и како треба“, вели таа. А чекај малку, зошто другите да ти кажуваат како треба? Каде е твојата способност да донесуваш одлуки и последици од тие одлуки.  Доволно си зрела да размислиш дали ќе поминеш на црвено или зелено. До кога ќе живееш под правилото „рекле- кажале“? Животните одлуки еднаш се донесуваат, цел живот се плаќаат.

Научете да ги прекршувате животните правила, да живеете онака како вас ви одговара и да го правите она што ве прави среќни. Тагата никој нема да ви избрише, среќата никој нема да ви ја донесе. Одлуките нека бидат ваш патоказ, а во животот сè поминува и се враќа.

Ако играте според туѓите правила секогаш ќе изгубите, ако играте според вашите секогаш ќе добиете.

На крајот од денот, дали работата ми е лоша, а дечкото грд е само моја работа!

Автор: Х. Ѓ.

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg