Не! Смртта не е спасот!

ne-smrtta-ne-e-spasot-01.jpg

Доста време размислувам за ова, но никогаш се немам искажано јавно, и време е за тоа!

Сакам да зборувам за животот наспроти смртта. За луѓе кои умеат да живеат, луѓе кои се борат да живеат и оние на кои смртта им е спасот.

Имам прашања за кои не добивам одговор и се надевам дека некогаш ќе го добијам.

Зошто не го сакате животот? Зошто анксиозност и длабока депресија што доведува до самоубиство?!

Зарем не го живеете благодатот на животот? Зарем не се чувствувате привилегирани што Господ ви дал шанса ВИЕ да сте тие што ќе се родите, ќе растете и ќе се развивате, ќе бидете опкружени со луѓе кои ве сакаат од вашиот прв плач до последниот здив, да се образувате, да го смените општеството на подобро, да бидете запаметени меѓу луѓето, ВИЕ да сте тие избрани од бог да можете да оставите потомок, да го учите вашето дете што е добро, а што не, да го учите да биде човек, човек што гордо ќе речете „Да! Ова е мое чедо“ да се полнат очите со солзи од радост и гордост, па и некогаш од така затоа што човек со долг пат зад себе има цврсти темели за да се изгради и да не се сруши.

ВИЕ сте тие избрани од бог за да ги вкусувате најслатките јадења, десерти, да ја гледате природата и душата да се полни, да го слушате мирот и да уживате во врева.

ВИЕ сте избрани да љубите и да бидете љубени, да се будите покрај саканата личност и да заспивате гушнати со неа. Да ја почувствувате топлината на мекиот кревет и слатката перница која тој/таа заминал/а на работа, а вие сè уште спиете, или едноставно е привремено отсутен/отсутна и да го почувствувате студот кога ви недостига истата таа прегратка.

А вие што одбирате? Смрт и ладна земја?

Човек додека дише може да реши сè! Ама баш сè! А вие одлучувате на кукавички начин да заминете…

НЕ! Нема да ги решите своите проблеми така, создавате уште повеќе проблеми. Ваши деца, мајки, татковци, роднини, пријатели да кукаат и плачат над вас, а сè можело да биде поинаку.

Одлучувам да живеам, одлучувам како лав да се борам против моите проблеми, каква и да ми е судбината, одлучувам да ја живеам најдобро!

Благодарна сум на Господ што ми дал шанса за живот и нема да го разочарам. Го сакам животот пропратен со неговите проблеми и не се плашам! Јас можам сè, а знаете ли зошто можам? ЗАТОА ШТО БИРАМ ДА ЖИВЕАМ!

ЖИВЕЈТЕ И ВИЕ!

Прочитајте и Луѓето што се самоубиваат не сакаат да умрат, само сакаат болката да престане!

Автор: Стефани Пишмановска / фото:depositphotos.com

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg