Писмо до сите матуранти: Ако ја згрешите професијата - сте згрешиле сè


Писмо до сите матуранти: Ако ја згрешите професијата - сте згрешиле сè

pismo-do-site-maturanti-ako-ja-zgreshite-profesijata-ste-zgreshile-se-01.jpg

Тоа што СИ ти, зборува толку гласно за тебе што не можам да слушнам што зборуваш.

А за тоа кои сме денес најгласно зборува тоа што го работиме, во оваа високо технолошко специјализирано општество нашата севкупна улога е сенка на професијата со којашто се занимаваме.

Безброј пати пред крајот на вашето средно образование ќе ги слушнете зборовите дека сега се наоѓате на крстопат на кој треба да ја изберете вашата животна патека. Ретко до кого допираат овие зборови, а уште поретко кога ја исполнуваат својата цел.

Голем дел од младите луѓе немаат капацитет да ја апсорбираат важноста на оваа животна одлука. Парадигмата е едноставна - ако ја згрешите професијата сте згрешиле сè. Да работите работа која не ве исполнува е како да се наоѓате во Њујорк со мапа од Чикаго, на која пишува Њујорк.

Никогаш нема да стигнете на посакуваното место. Замислете си ја само фрустрацијата која ќе произлезе од вашата неефикасност за да стигнете на посакуваното место.

Можете да се обидете повнимателно да ги следите знаците, да чекорите побрзо од останатите минувачи. Можете да го промените вашиот поглед на ситуацијата и да си кажете не е важно каде сте, вие сте среќни секаде. Но, вистината ќе биде дека сте изгубени затоа што во рацете имате погрешна мапа, односно сте избрале професија во која вашиот карактер и талент не се развива.

Тоа што сакам да го кажам е дека доколку сте заглавени во свет во кои не припаѓате или работите работа која не ве исполнува не можете да го зграпчите успехот и среќата која ви припаѓа.

Професијата во ова бурно време е исто така темел на нашиот идентитет, не само затоа што статистички најмногу луѓе сметаат дека тоа е најважната информација за вас по вашето име, туку затоа што вашата професија условува голем дел од врските и пријатествата во вашиот живот. Вашиот мини универзум е всушност екстензија на оваа одлука.

Можеби сега мислите дека најдобрите пријатели од клупа секогаш ќе се до вас, но штом ќе се разделат вашите патеки старите пријатели нема да останат меѓу вашите приоритети. Но, секој период од животот носи нови авантури и нови луѓе.

Не бидете кратковиди изберете паметно, работете нешто што константно ќе ви нуди предизвици. Изберете професија која ќе биде силата која ве гони и не црна дупка во која се губи целата ваша креативна енергија.

Ако не соберете храброст да го направите тоа, во вашиот живот ќе настане празнина која нема да ја затворите со безброј бурни ноќи, ниту со топли долги разговори и сигурно не со фенси маникир.

Автор: Караманов

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да ги слушаме советите и сугестиите од постарите? Иако мислиме дека во културите на Балканот границите на врската со постарите чле...

Најчитани неделава