Кога нема безнадежно да бараш љубов, тогаш таа ќе те најде тебе

Кога ќе се срушат илузиите повторно сме еднакви. Ако јас сум во облаци, тој цврсто стои на земја. Ако јас сум романтичар, тој е реалист.

koga-nema-beznadezhno-da-barash-ljubov-togash-taa-kje-te-najde-tebe-01.jpg

Кога јас читам поезија, тој гледа фудбал. Понекогаш ќе му прочитам по некој стих, а тој ќе ме извести за резултатот.

Двајцата слушаме, мислите си ги објаснуваме, затоа што срцата ни бијат во ритамот на истата песна.

Не можам да верувам дека некои партнери сè уште се наслонуваат на „подобрата половина“. Можеби тоа е само љубоморен трик. Зарем некоја единка навистина мисли дека е на пола кога не е покрај својот партнер?

Некои во вакво зборување и размислување ги турка ниската самодоверба. Други, пак, можеби мислат дека единствен начин на искажување почит е преку акт на самопонижување.

Јас мислам токму спротивно - кога ќе се заљубиш во својот живот и ќе најдеш радост во малите работи, тогаш кога нема безнадежно да бараш љубов, тогаш таа ќе те најде тебе. Секој ja заслужува љубовта, но тоа не значи дека треба да ја исилуваме.

Јас мојата ја најдов кога престанав да ја барам.

Дури и Ајнштајн одамна рекол дека само љубовта е правилен одговор, на љубовта мораш да ѝ се препуштиш, иако знае да те однесе во непознати краеви. Непознатото и туѓото знае да биде застрашувачко, а сосема јасно е дека егото се плаши од изненадувања. Само кога сме во мир може да ја пронајдеме својата сродна душа.

ДА, верувам во сродни души. Верувам во тоа што го чувствувам во сопственото срце. Сакам и вие да верувате и сакате. Сепак, тоа е сè што имаме на крајот на денот.

Автор: Зала

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg