Бог секогаш знае кого и зошто праќа во нашиот живот

Таа жена беше скршена, уништена, со целосно изгубена самодоверба, со целосно изгубена надеж, со срушен свет, повторно после претходно изгубеното... Се појави тој во момент кога на неа најмногу ѝ требаше помош. Како поминуваше времето, така она се опорави, се издигна, сѐ повеќе беше насмеана и сѐ повеќе ѝ се враќаше и надежта, и самодовербата, и храброста. Тогаш сфати, тој не се појави во тој момент без причина. Бог го прати на нејзиниот пат за да ја врати во живот.

bog-sekogash-znae-kogo-i-zoshto-prakja-vo-nashiot-zhivot-nego-go-prati-za-da-ja-vrati-nasmevkata-na-nejzinoto-lice-01.jpg

Таа жена беше скршена, уништена, со целосно изгубена самодоверба, со целосно изгубена надеж, со срушен свет повторно после претходно изгубеното...

Немаше сила, ни волја за живот... Иако имаше огромна причина за да живее.

Со часови поминуваше седејќи во еден ќош, стуткана и изгубена од страв.

Полека се губеше, како психички, така и физички...

Беше сигурна дека веќе беше дојден нејзиниот крај.

Но Бог не одредил така...

Се појави тој, во момент кога на неа најмногу ѝ требаше помош.

Почна со часови да разговара со него, почна да му кажува само делчиња од нејзината болка. Очигледно, навистина значи кога ќе се сподели и тага и среќа.

Почна да ја засмева секојпат, да биде на некој начин покрај неа како поддршка. Ѝ подаде рака која ѝ беше најпотребна во најтешките моменти. Во него гледаше најдобар пријател.

Како поминуваше времето, така она се опорави, се издигна, сѐ повеќе беше насмеана и сѐ повеќе ѝ се враќаше и надежта, и самодовербата, и храброста.

Тогаш сфати, тој не се појави во тој момент без причина. Бог го прати на нејзиниот пат за да ја врати во живот.

Со текот на времето работите се менуваа, се појавија и страст и симпатии и секогаш се враќаа еден на друг.

Низ толку поминати работи, таа не ни сфати кога всушност го засака тој човек, колку многу ѝ значи и колку со душа се поврза со него.

Дали тоа беше заемно, таа до денес сѐ уште не знае. Можеби сето време му беше само страст, можеби само беше негова игра, а можеби и таа беше негова љубов за која немаше доволно смелост да ја признае.

Беа толку исти и толку различни истовремено. Топло-ладно, такви беа они. Или се гореше или беше студенило и ништо помеѓу.

Но, кога ќе каже дека би сакала само еднаш тој да се види со нејзини очи, тоа навистина го мисли. Бидејќи никогаш не гледала некого како што го гледа него кој ѝ беше сѐ кога таа немаше ништо и никој.

И секогаш кога тој ќе се појави пред неа, или само кога ќе го чуе, таа оживува, добива сила која навистина ѝ е потребна. Тој човек не е ни свесен колку влијае на неа позитивно со самото негово постоење.

За тие времиња таа секогаш ќе го цени, без разлика дали сега го сака или некогаш ќе престане.

Каков и да е, таа ќе му биде бескрајно благодарна, и за неа секогаш тој ќе биде човекот којшто Бог ѝ го прати и кој успеа да ѝ ја врати насмевката. Без тој да знае што всушност направил.

Кога би можел... Само кога би можел барем еднаш да се види со нејзини очи... Само тогаш би знаел што бил тој за неа и колку ѝ значел...

Автор: Д. Д.

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg