Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание?

Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средства за аквариум. Но, мора да знаете дека не секој вид е погоден за чување во кугла, а овде спаѓаат и златните рипки. Покрај тоа, бидејќи нема филтер, куглата бара почесто чистење. На што друго мора да обрнете внимание?

chuvanje-riba-vo-kugla-koi-vidovi-da-gi-izbegnuvate-i-na-shto-da-obrnete-vnimanie-01.jpg

Ако сакате да уживате во убавината на рибите, а немате доволно простор за голем аквариум, тогаш таканаречената кугла може да биде вистинското решение за вас.

Ова се мали аквариуми, евтини се и генерално лесни за одржување. Има и многу украсни растенија и каменчиња со кои можете да ги декорирате.

Во продолжение, неколку корисни совети за чување риба во кугла:

Подготвување на куглата

Измијте ја куглата со топла вода, но не користете сапун или какво било средство за чистење стакло. Измијте ги и сите украси и каменчиња, па ставете вода која претходно сте ја чувале на собна температура.

Оставете ја куглата да постои барем еден час пред да ја ставите рибата внатре.

kolku-chesto-da-im-ja-menuvate-vodata-kako-da-gi-hranite-i-drugi-korisni-soveti-za-odgleduvanje-ribi-vo-mal-sad-02.jpg

Додајте ја рибата

Бидејќи куглата нема грејач, температурата на водата во која ќе живее рибата е онаква каква што е во собата. Па, не ја чувајте на прозорец или на директна сончева светлина, бидејќи може многу бргу да прегрее.

Кесата во којашто се наоѓа новата риба ставете ја во садот и држете ја 10-15 минути. Додајте вода од куглата во кесата, па ставете ја во водата уште дополнителни 10 минути. Со ова ќе ја изедначите температурата и ќе ѝ помогнете на рибата да се адаптира, што е особено важно.

Нежно отворете ја кесата и ставете ја рибата во куглата. Не купувајте премногу риби и не избирајте такви кои се премногу големи за куглата.

kolku-chesto-da-im-ja-menuvate-vodata-kako-da-gi-hranite-i-drugi-korisni-soveti-za-odgleduvanje-ribi-vo-mal-sad-03.jpg

Менување на водата

Водата во куглата треба да се менува барем еднаш неделно, понекогаш и почесто и постојано треба да биде кристално чиста. Ако е маглива и гледате отпад што се акумулира на дното, време е за промена.

Нежно ставете ја рибата во чиста пластична кофа (која ќе ја користите само за риби) во која ќе има чиста вода на собна температура. Садот, каменчињата и украсите измијте ги добро со топла вода и малку сол и темелно исплакнете ги.

Во исчистената кугла додајте чиста вода која претходно сте ја чувале на собна температура, па ставете ја рибата.

kolku-chesto-da-im-ja-menuvate-vodata-kako-da-gi-hranite-i-drugi-korisni-soveti-za-odgleduvanje-ribi-vo-mal-sad-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Се верува дека е предвесник на земјотреси – Нуркачи снимија ретка „риба весло“ во близина на Тајван ... Ако оваа риба биде забележана во плитките води, тогаш ќе има земјотреси, според ...
Зошто е добро да чувате зајак и како да се грижите за него? Многумина, откако ќе одлучат да земат домашно милениче, вообичаено си го поставу...
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни) Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg