Новогодишната елка „живее“ додека не ја види миленичето - Животни кои ја уништија празничната магија
Ако вашето маче или куче не е среќно што во домот има новогодишна елка, таа често знае да заврши на подот или со уништени украси...

Празниците се време за одмор, опуштање, време поминато со саканите луѓе... но, тие се и време за стрес, дали ќе ви „преживее“ новогодишната елка, ако имате милениче.
Со еден скок мачка може да се качи во елката и да „си седне“ таму, со едно повлекување на лампион - куче може да ја сруши елката на земја.
Лампионите се кршат, сијаличките се уништуваат, нередот низ домот може да е огромен, а тие, милениците, најчесто не покажуваат каење, туку се горди на себе.
Во продолжение, погледнете фотки од миленици кои направиле беља со новогодишната елка:
„Среќа што си дојде. Види, елката се онесвести!“

„Ова се јаде?“

„Мојата мачка бега од мандарини, се плаши од нив. За да ја заштитам елката, ставив мандарини секаде околу неа“

„Не ни дозволува да ја накитиме елката“

„Ова ѝ е ритуал секоја година“

„Им најавувам војна на елката и сијаличките“

„Лампионот е само мој“
„Празниците во нашиот дом пред да купиме мачка и откако си чуваме милениче“

„Ако поседам уште малку врз елката можеби ќе ја сплескам“

„Мачка 1:0 Елка“

„Дали можам да ја превртам елката ако ги кренам уште малку нозете?“

„Изгледа не постои начин да ја заштитам елката од мачката“

„Види, успеав, ја наместив елката да лежи исто како мене“

„Се степаа зашто не може да се договорат чија е елката“

„Мислам дека не е задоволна од годинешната елка“

„Успешна мисија“

„Предизвикот на мојата мачка за Нова година“

„Како се спремам јас да бидам елка наместо елката (драма во 3 чина)“



А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци)
Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една
Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче
„Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака)
Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом
Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави)
„Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
