Како да им помогнете на бездомните животни оваа зима?

Куќи, паркови, улици со снежно бела покривка - поглед како од бајка! Но, оваа снежна идила е вистински кошмар за животинчињата кои немаат топол дом и покрив над глава.

kako-da-im-pomognete-na-bezdomnite-zivotni-ovaa-zima-01

Сега сите имаме можност да им ги олесниме зимските студени денови. Еве како:

1. Оставете ја подотворена влезната врата

Кога ќе видите премрзнато кутре или маче, не се плашете да ја оставите подотворена вратата од вашата зграда или двор. Дозволете им барем на половина час да се стоплат, потоа самите ќе излезат. Можно е тоа да им е првото и последно затоплување за таа зима.

kako-da-im-pomognete-na-bezdomnite-zivotni-ovaa-zima-02


2. Направете им куќарка

Не штедете ги вишокот даски и штици кои ги имате. Животинчињата ќе ви бидат вечно благодарни ако имаат барем едно ќоше во кое нема да наврнат, а вие ќе бидете со денови стоплени од самата помисла дека им помогнавте за да преживеат.

kako-da-im-pomognete-na-bezdomnite-zivotni-ovaa-zima-6


3. Стари прекривки и облека

Старата облека и искинатото ќебе може да помогне повеќе од што мислевте. Сместете ги во вашиот подрум, покријте ги или едноставно оставете ги во некое ќоше каде што знаете дека некое кутре постојано преноќува.

kako-da-im-pomognete-na-bezdomnite-zivotni-ovaa-zima-03


4. Поставете храна за птици

Пластичното капаче и старото чинивче полно со трошки е вистински извор на живот. На минусните температури една кришка леб неделно ништо не ви менува, а може да спасите стотици животи.

kako-da-im-pomognete-na-bezdomnite-zivotni-ovaa-zima-04


5. Слама или картон наместо куќички

Многу кутриња и мачки ќе бидат презадоволни само ако им поставите картон или слама обложена со тенка ткаенина. Од време на време проверувајте и обновувајте го водениот материјал. Верувајте дека и вие ќе ја почувствувате нивната топлина длабоко во срцето.

kako-da-im-pomognete-na-bezdomnite-zivotni-ovaa-zima-05

Гледате, не многу тешко... Па зошто сите заедно да не им помогнеме да ја преживеат зимата која доаѓа?

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
5 најчести заблуди поврзани со мачките Сакаат да пијат млеко и секогаш се дочекуваат на нозе? Не баш. Кои се најчестите...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg