Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни

Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во опасност…

mitovi-za-zhivotnite-koi-sigurno-ste-gi-slushnale-a-ne-se-voopshto-tochni-01.jpg

Митовите постоеле и ќе постојат, но денес барем лесно можеме да провериме што е точно, а што не.

Сепак, во некои митови веруваме толку одамна, што не би се ни сетиле да ги провериме.

Шест популарни митови за животните во кои не треба да верувате:

Мит 1: Кучињата гледаат црно-бело

Точно е дека кучињата поразлично ги гледаат боите, но ова не значи дека гледаат црно-бело.

Луѓето имаат три вида фоторецептори, додека кучињата имаат два, што значи дека перципираат помалку бои од нас.

Тие можат да разликуваат сини и жолти нијанси, но црвените и зелените нијанси им изгледаат сиви.

mitovi-za-zhivotnite-koi-sigurno-ste-gi-slushnale-a-ne-se-voopshto-tochni-02.JPG

Мит 2: Биковите мразат црвена боја

Овој мит е толку популарен, што честопати бил користен како шега во цртани филмови и комедии.

Но, исто како кучињата, и биковите не ја гледаат црвената боја.

Она што го разгневува бикот на борбите со матадори е движењето на црвената наметка, но и фактот што животните се под стрес.

Матадорите, пак, имаат црвени наметки за да се прикријат трагите од крв кои се неизбежни.

За среќа, ваквите борби со бикови стануваат реткост бидејќи многу луѓе ги сметаат за вознемирувачки, но и за непотребно измачување на животните.

mitovi-za-zhivotnite-koi-sigurno-ste-gi-slushnale-a-ne-se-voopshto-tochni-03.JPG

Мит 3: Бувовите се многу интелигентни

Поради цртаните филмови, но и нивниот по малку мистичен изглед, се проширило верувањето дека бувовите се многу интелигенти, па дури и мудри птици.

Во реалноста, бувовите не се попаметни од другите грабливки.

Многу попаметни се враните и гавраните кои неретко се сметаат и за најинтелигентните птици.

mitovi-za-zhivotnite-koi-sigurno-ste-gi-slushnale-a-ne-se-voopshto-tochni-4.JPG

Мит 4: Ноевите си ја закопуваат главата во земја

Нема кој не го слушнал митот дека ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во опасност.

Ова не е воопшто точно – кога сметаат дека се во опасност и не можат да избегаат, ноевите седнуваат на земја и пробуваат да се камуфлираат.

Можно е да видите ној со главата во земја, но не бидејќи се крие.

Тие копаат плитки дупки кои ги користат како гнезда за нивните јајца. Кога ги проверуваат јајцата, оддалеку може да изгледа како главата да им е во дупка.

mitovi-za-zhivotnite-koi-sigurno-ste-gi-slushnale-a-ne-se-voopshto-tochni-05.JPG

Мит 5: Пчелите боцкаат само еднаш

Ова е делумно точно бидејќи зависи од видот на пчелата.

Некои пчели, како европската медоносна пчела, навистина боцкаат само еднаш, го остават осилото на местото на убодот и набрзо потоа умираат.

Но, медоносните пчели (оние кои произведуваат мед) сочинуваат многу мал процент од сите пчели на светот.

Поголем дел од пчелите не боцкаат само еднаш и не умираат по убодот.

mitovi-za-zhivotnite-koi-sigurno-ste-gi-slushnale-a-ne-se-voopshto-tochni-6.JPG

Мит 6: Лилјаците се слепи

Точно е дека лилјаците се ориентираат со помош на ехолокација – испуштаат звук, кој се одбива од околните предмети и така знаат како да се движат.

Но, тие исто така имаат и функционални очи.

Некои видови имаат толку изострен вид, што не ни користат ехолокација.

mitovi-za-zhivotnite-koi-sigurno-ste-gi-slushnale-a-ne-se-voopshto-tochni-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg