16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото)
„Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не може да го извади. Ѝ помогнав, па решив да го однесам дома, иако никогаш не се гледав како некој што чува мачка“.

Последниве години често слушаме дека е подобро да вдомиме миленик отколку да купиме куче или маче. И многу луѓе го прават токму тоа - вдомуваат миленици кои ги нашле на улица, или пак во засолниште за кучиња или мачки.
Тие преку Редит споделија фотографии од своите миленици - како изгледале кога ги нашле/зеле од прифатилиште, а како изгледаат откако живеат во нивниот дом и колку се среќни, буквално препородени.
Погледнете ги фотографиите:
„Спасив куче од улица и по неколку дена таа роди мало слатко бебенце - сега имам две кучиња“

„Нашата мачка кога ја најдовме vs. денес“

„Најдовме мало маче со болна шепа, го чувавме, храневме, му дадовме многу љубов. По 7 месеци тоа е најпалавата и најенергична мачка што сме ја виделе“

-->
-->
„Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не може да го извади. Ѝ помогнав, па решив да го однесам дома, иако никогаш не се гледав како некој што чува мачка“

-->
„Студирам за ветеринар - ова маче требаше да го успијат, но јас решив да го вдомам. Денес живее со мене и се сакаме многу јас и таа“

„Го спасивме кученцево пред 7 месеци и денес изгледа преубаво и среќно“

„Спасив бебе верверичка и го крстив Стиви - си расте кај нас и обожава јаготки“

„Ова е нашиот вдомен мачор Гас“

„Пред една година најдовме зајаче на улица - слабо, исплашено. Денес е голем и рунтав зајак“

„Посетата на прифатилиште за кучиња „за да разгледам“ беше најдобрата одлука што ја направив“

„Го спасивме кога имаше само 1 ден, а денес е веќе 9-месечен мачор“

-->
„Мојот Грегори беше најтажниот мачор во прифатилиштето за миленици кога го зедов, а денес е сериозен мачор кој секогаш има нешто да каже“

„Пред две години најдовме две мачиња под автомобил на еден паркинг. Денес живеат со нас и нè радуваат“

„Мојата мачка имаше 3 недели кога ја спасив, а денес веќе има 8 месеци“

„Го најдов ова малечко лани како се тресе на студот. Се вика Турбо, многу е сладок и мој е скоро 10 месеци“

„Го зедов кај себе само што се роди, го хранев, а денес моето милениче има другарче и обожава да трча низ собата и да ми се качува на рамо“

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една
Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом
Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Јагула од видот „мурена“ испливала на две плажи на Халкидики – дали напаѓа и колку е опасна?
Јагулата позната како мурена која била забележана деновиве на вториот крак во Гр...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци)
Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави)
„Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Мачка мие заби, куче „шпионира“ - 13 фотки од миленици што ќе ве насмеат
„Мојот волчјак обожава да ги ‘шпионира’ соседите и понекогаш знае да се исправи ...
