Животна лекција: Понекогаш и едно мало беспомошно маче може да ве направи подобри личности

Алекс Гриншпун е уметница која се обидела да спаси живот на напуштено маче. Иако не преживеало, оваа приказна за едно мало и кревко суштество станало нејзина голема инспирација во животот.

zivotna-lekcija-ponekogas-i-edno-malo-bespomosno-mace-moze-da-ve-napravi-podobri-licnosti-01

За жал, вакви ситуации не се случуваат често. Но, добро е да помислите на тоа и да направите добро дело

Ова е приказната на Алекс:

На паркингот каде поминувала имало картонска кутија со две штотуку родени мачиња. Некој ги напуштил.

Како и повеќето љубители на животни, така Алекс Гриншпун не можела да се заврти и да си замине. Ја земала кутијата и ја однела дома.

Мачето со толку мал раст тешко можело да ја одржи својата телесна температура, а според тоа што го проценила Алекс, веројатно никогаш не успеало ниту да проба од мајчиното млеко, пред некоја злобна личност да ги исфрли и да ги остави на улица.

Алекс ги хранела на секои неколку часа со помош на шприц и се обидувала да им ја одржи температурата со помош на шишиња вода и ќебенце.

zivotna-lekcija-ponekogas-i-edno-malo-bespomosno-mace-moze-da-ve-napravi-podobri-licnosti-1

За жал, едното маче не успеало да го преживее ниту следниот ден.

Алекс и нејзиното куче продолжиле со заеднички сили да се борат за животот на другото маче.

Иако, после еден месец изгледало како да закрепнува, мачето немало доволно силен имунитет за да издржи, бидејќи прерано било оттргнато од мајката.

zivotna-lekcija-ponekogas-i-edno-malo-bespomosno-mace-moze-da-ve-napravi-podobri-licnosti-2

Овој голем борец, сепак, не ја преживеал внатрешната инфекција. Тоа било голем удар за Алекс.

„Иако животот на мачето беше краток, тоа беше опкружено со топлина, љубов и внимание“ – раскажува уметницата.

Алекс одлучила да не седи со скрстени раце, туку со реален пример да докаже дека ја научила лекцијата за храброста и упорноста.

Цврсто решила да ја продолжи својата мисија и да посвои маче кое ќе го спаси од улицата и ќе му го разубави животот пред да биде доцна!

zivotna-lekcija-ponekogas-i-edno-malo-bespomosno-mace-moze-da-ve-napravi-podobri-licnosti-3

Би можело да ве интересира:

Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
„Морско чудовиште“ е хит на социјалните мрежи – За какво животно се работи и дали е опасно? (видео) „Што е ова?“ – прашуваат голем број од корисниците на социјалните мрежи откако е...
Се верува дека е предвесник на земјотреси – Нуркачи снимија ретка „риба весло“ во близина на Тајван ... Ако оваа риба биде забележана во плитките води, тогаш ќе има земјотреси, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg