„Немаше да преживее, мајка му го отфрли“ - Мајмунчето Лука во ЗОО Скопје денес слави 12-ти роденден - Кој го спаси?
„12 години живот. 12 години победа. Лука немаше да преживее. Отфрлен од мајката уште во првите денови, неговата приказна можеше да заврши пред да започне. Но, една човечка рака ја замени мајчината прегратка..“, споделува емотивно фотографот Горан Анастасовски.

Горан Анастасовски oд Скопје е вработен во маркетинг секторот во весникот „Нова Македонија“, но фотографијата е неговата пасија и љубов.
Со фотографија се занимава од 2006 година, а дел од неговите фотографии осамнаа и на насловните страници на најпознатите светски магазини.

Особено оние од ЗОО Скопје, каде ги фотографира животните со љубов години наназад.
Тој секогаш е инспириран од неверојатната хуманост на негувателката Зера во зоолошката и на љубовта и поврзаноста со мајмунчињата, кои некогаш, за жал, се одбиени и останале без својата мајка.

Едно такво беше и мајмунчето Лука, кое од мало и беспомошно сега е силно, самоуверено и едно од најсаканите животни во ЗОО.
Емотивната објава на Горан по повод 12-тиот роденден на Лука:
„12 години живот. 12 години победа.
Лука немаше да преживее.

Отфрлен од мајката уште во првите денови, неговата приказна можеше да заврши пред да започне.
Но, една човечка рака ја замени мајчината прегратка.

ЗОО негувателката Зера му даде топлина, хранење, но пред сè – шанса.

Денес, 12 години подоцна, Лука не е само мајмунче од ЗОО Скопје.

Тој е жив доказ дека грижата и посветеноста можат да ја променат судбината.

Од кревко суштество до едно од најсаканите животни во зоолошката.

Неговите очи раскажуваат приказна што зборува погласно од зборови.
Среќен роденден, Лука“.

Прочитајте и Зера Бекировска, негувателка во Скопје ЗОО: „Мајмунчињата со години паметат кој се грижел за нив кога биле мали“
С. С. | Црнобело
фото: Горан Анастасовски
