Брз трик: Како да ги исчистите влакната од вашето милениче?

Ако сте љубител на вашето милениче до степен на разгалување и спиење во ист кревет, веруваме дека речиси секој ден се сретнувате со еден куп влакна од него.

brz-trik-kako-da-gi-iscistite-vlaknata-od-vaseto-milenice-01

И кога битката со влакната на миленичето ви се чини како изгубена, ви откриваме еден брз трик на кој никогаш немаше да ви текне, а е супер лесен и евтин.

За да ги исчистите влакната од облеката или мебелот, потребен ви е само еден бришач од кола.

Со него поминете ја површината која сакате да ја исчистите и за само неколку секунди без напор и дополнителни средства за чистење ќе го постигнете посакуваниот ефект.

Тајната е во гумената површина која е одлично обликувана и сите влакна се лепат на неа.

brz-trik-kako-da-gi-iscistite-vlaknata-od-vaseto-milenice-02

Ова можете да го испробате и со некој мек, гумен предмет кој лесно се чисти.

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава