Зошто да одберете лабрадор за домашен миленик?

Лабрадорите во моментов се најпопуларните кучиња во светот и се сон на секој човек кој посакува неизмерна љубов и верен миленик во својот дом.

zosto-da-odberete-labrador-za-domasen-milenik-01

Ако и вие сте во потрага по вашиот идеален миленик, еве зошто да одберете лабрадор за најверен пријател.

Кога ќе погледнете во очите на лабрадорот, ќе видите дека тој бара чиста љубов од вас и пријателство, за разлика од многу раси на ангресивни кучиња.

Кога се исплашени, болни, или изморени, а вие сте таму до нив, можете да ја забележите благодарноста во нивните очи. За возврат секогаш ќе имате некој кој ќе ве пречека на влезната врата.

Интересен факт за овие кучиња е што тие брзо учат да имитираат насмевки. Го чувствуваат вашето расположение и го споделуваат како вистински другари. Независно дали сте среќни или тажни, тие ќе бидат тука за вас.

Освен тоа, лабрадорите одлично ќе се сложуваат со вашите деца, доколку ги имате.

Тие ќе бидат вечно будни чувари на вашиот дом од крадци. Нивниот слух е крајно изострен, исто како и нивното сетило за мирис.

Прекрасниот расен лабрадор, полн со љубов како домашен миленик ќе ви биде добро друштво во домот и на секое патување или прошетка.

Без сомневање ќе го засакате уште по првиот ден, и ќе се каете што не сте го вдомиле порано.

Чувате ли и вие куче? Какво е вашето искуство? Споделете со нас во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...

Најчитани неделава