Научете ја вашата мачка на ред!

Понекогаш учењето на вашата мачка на ред претставува вистински предизвик. И покрај тоа што ги кине сите ваши завеси и го гребе цел мебел, вие сепак паѓате на нејзиното слатко предење и тажен поглед.

naucete-ja-vasata-macka-na-red-1

Но, време е да се ослободите од нејзината непослушност. Ова се неколку интересни начини на кои може лесно да го научите вашето маче на ред, без разлика колку и да е диво.

Купете килим за гребење

Денес постојат разни килими за мачиња кои се направени посебно за прилагодување на нивното гребење. Кога еднаш ќе го купите килимчето, вашата мачка нема ни да го погледне вашиот кревет.

Наградувајте ја

Кога е добра и не гребе, наградете ја со омилената храна. Така ќе се научи на ред преку стомакот.

Казнувајте ја

Како што ќе ја наградувате кога е добра, доколку повторно почне да гребе, казнете ја. Доволна казна за една мачка е да ја игнорирате. Кога ќе посака да ви лежи во скут, тргнете се.

Направете и посебно место за спиење

Добро е познато дека мачките најмногу гребат откако ќе се разбудат. Затоа, направете и посебно место за спиење на кое ќе се навикне.

Збунете ја со нов мебел

Таа е навикната да ја гребе комодата и не знаете како да ја одвикнете. Едноставно купете нова комода или преместете ја и збунете ја. Непознатото секогаш ги плаши мачките.

Како вие се справувате со вашето маче?

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...

Најчитани неделава