Секоја чест за полицаецот кој спаси преплашено кутре од сигурна смрт (фото)

Неверојатно добро дело направил полицаец во американската држава Калифорнија, откако забележал мало кученце како седи само и исплашено на банкината од автопатот.

sekoja-cest-za-policaecot-koj-spasi-preplaseno-kutre-od-sigurna-smrt-foto-01

Му се приближил и полека so малку храна го повикал за да го фати и да го спаси од случајно лизнување на прометниот автопат.

Фотографијата ја направиле неговите колеги и ја споделиле на социјалните мрежи каде постојано се шири.

Се претпоставува дека некој безмилосно го оставил без да размисли што може да му се случи. Но, овој полицаец со своето добро дело, успеал да му помогне на кутрето и да разнежни многумина.

Покажал како треба да постапи секој кој ќе се најде во неговата ситуација.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
„Немаше да преживее, мајка му го отфрли“ - Мајмунчето Лука во ЗОО Скопје денес слави 12-ти роденден ... „12 години живот. 12 години победа. Лука немаше да преживее. Отфрлен од мајката ...

Најчитани неделава